Close Menu
Press24
    Најново

    Град Скопје со известување до граѓаните

    10.06.2026 во 10:09

    Сообраќајна несреќа во Македонија – Се судрија возила во Штип

    10.06.2026 во 10:08

    Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна

    10.06.2026 во 10:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Град Скопје со известување до граѓаните
    • Сообраќајна несреќа во Македонија – Се судрија возила во Штип
    • Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна
    • Апсење на Блаце – МВР со детали
    • За еден хороскопски знак, оваа недела би можела да биде идеална можност да ги реши финансиските проблеми
    • Паника кај туристите во Грција: Морето кај Солун одеднаш стана целосно зелено и почна да мириса, еве што се случува
    • СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието
    • Хаосот во Белфаст продолжува: Демонстрантите палеа куќи и автомобили
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“:„’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

    Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“:„’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

    12.05.2026 во 15:563 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на
    меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во
    производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија.


    Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од регионот, кои дискутираа за системските промени потребни за забрзан раст и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во процесот на интернационализација. На панелот посветен на прашањето како може регионот од потенцијал да создаде скалабилни и одржливи резултати се отворија клучни теми за конкурентноста, иновациите и задржувањето на талентите во Југоисточна Европа. Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, говореше за трансформацијата на компанијата од регионален производител во глобално конкурентна фармацевтска компанија.


    „Пресвртот се случуваше постепено како резултат на долгорочната и внимателно поставена стратегија. Визијата за глобализација започна со изградбата на новите производствени капацитети во раните 2000-ти години, додека, пак, клучниот исчекор кон европските пазари се случи во 2007 година, кога беше потврдена нашата усогласеност со стандардите ЕУ-GMP и кога го добивме првото одобрение за ставање лек во промет во Европската Унија. Денес ’Алкалоид’ има 1008 маркетиншки авторизации за лекови на пазарите во ЕУ.“

    Мукаетов посочи дека фармацевтскиот сегмент денес учествува со 91 процент во вкупните продажби на компанијата, удел во кој предничи полусинтетскиот цефалоспорин – цефиксим, за кој „Алкалоид“ е водечки производител во Европа и Евроазија според волуменот на производство.

    Посебен акцент на панелот беше ставен врз важноста на човечките ресурси и врз проблемот на земјава и регионот со одлив на таленти, што директно влијае врз економскиот и иновативниот потенцијал. Меѓу компаниите во регионот сѐ почесто се наметнува оцената дека образовниот систем не одговара на потребите на современиот пазар на трудот и дека е евидентен недостигот од практично подготвен и глобално конкурентен кадар.


    „’Алкалоид’ инвестира во сопствена академија, практикантски програми, дуално образование и во стипендии за студенти по медицина и фармација, со цел да придонесе за создавање и задржување квалитетен кадар во земјава. Како столбови на националните економии, големите компании треба да најдат начини за да ги задржат талентите тука. Нашата стратегија за луѓето е и наша бизнис-стратегија“, порача генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, на Самитот „Македонија 2025“, нагласувајќи дека долгорочниот успех и позитивниот имиџ на компанијата се темелат врз организациска култура во која луѓето, довербата и развојот на таленти се врвен приоритет.

    На панел-сесијата „Од потенцијал до перформанси: може ли регионот да скалира?“, модерирана од Методија Папазоски, член на Одборот на директори на „Македонија 2025“ и претставник на „EMBS Group“, учествуваа и Александар Сератлиќ, претседател на Надзорниот одбор на „Mercata VT Owner“ и член на надзорните одбори на „Vivex Group“, „Краш“ и „MPC Properties“; Ана Драшковиќ, потпретседател и регионален генерален менаџер за Југоисточна Европа во „VISA“, и Огњен Лазиќ, генерален директор на „Пивара“ Скопје.

    Прочитај повеќе

    Град Скопје со известување до граѓаните

    10.06.2026 во 10:09

    Сообраќајна несреќа во Македонија – Се судрија возила во Штип

    10.06.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.