Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Охрид и посака добредојде на високата владина делегација од Република Хрватска, предводена од премиерот Андреј Пленковиќ, која престојува во официјална посета на земјава.

Како што информираше министерот, за време на официјалните состаноци се отворени повеќе клучни теми од билатерален и меѓународен карактер, со посебен акцент на идните заеднички проекти.

Муцунски преку социјалните мрежи ги сподели главните точки од разговорите во Охрид:

„Во фокусот на разговорите се продлабочувањето на соработката меѓу двете земји, регионалната соработка и стабилност, европската перспектива на државата и хрватската поддршка на евроинтегративниот процес, партнерството во рамки на НАТО, како и актуелните безбедносни предизвици во Европа и светот. Во таа насока, особено значајно е и потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство меѓу двете држави.“

Шефот на дипломатијата потенцираше дека оваа посета е јасен показател за виското ниво на односи меѓу Скопје и Загреб.

„Посетата претставува уште една потврда за одличните билатерални и пријателски односи и заедничката определба за натамошно унапредување на партнерството меѓу двете земји“, истакна Муцунски.

Exit mobile version