Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Повеќе скопски општини утре ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот
    • Кражба во Скопје: Германец ограбен на кејот на Вардар, му одзеле ранец со лаптоп и телефон
    • Тешко повредена млада скопјанка – ја удрила жена со тротинет и избегала
    • Тетово: Жена тешко повредена -паднала додека бегала од глутница кучиња
    • Гостивар: 45-годишна жена без знаци на живот однесена во болница, телото предадено на обдукција
    • Ристовски во Баку: Ново поглавје во спортската соработка меѓу Македонија и Азербејџан
    • Реконструкција на водоводната мрежа – улица „150-та“
    • Јаневска: Во нови училишта инвестирани се 35 милиони евра, а во образовната инфраструктура вкупно 78 милиони евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Европските стандарди носат нови деловни можности

    Муцунски: Европските стандарди носат нови деловни можности

    03.07.2026 во 11:102 Mins Read
    МНРиНТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, порача дека улогата на државата не е да го замени приватниот сектор, туку да создаде услови во кои претприемништвото, знаењето и капиталот ќе генерираат нова вредност. Тој нагласи дека Министерството активно ја развива економската дипломатија како практична алатка за поддршка на македонските компании.

    Обраќајќи се на форумот „Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, организиран од Канцеларијата на ОН во соработка со Стопанската комора и МНР и НТ, Муцунски истакна дека дипломатската мрежа мора да биде насочена кон конкретни резултати – отворање нови пазари, привлекување инвестиции, промоција на извозот и поврзување на компаниите.

    Тој посочи дека современата економија бара дипломатските односи сè повеќе да се претвораат во економски можности, додавајќи дека новите стандарди не треба да се гледаат како товар, туку како шанса за модернизација и зголемување на конкурентноста.

    -Прашањето не е дали ќе има промени, туку дали ќе бидеме подготвени да ги претвориме во предност – истакна Муцунски, нагласувајќи дека секоја криза носи ризици, но и нови можности за раст и иновации.

    Тој се осврна и на глобалните предизвици како нарушените синџири на снабдување, енергетската нестабилност и климатските промени, оценувајќи дека тие создаваат нова економска реалност во која компаниите мора да се прилагодат.

    Според него, Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља во 2025 година јасно покажала дека приватниот сектор е клучен двигател на развојот, иновациите и вработувањето.

    Муцунски нагласи дека европските пазари поставуваат сè повисоки стандарди, па за македонските компании не е важно само што произведуваат, туку и како произведуваат. Одржливоста, дигитализацијата, транспарентноста и енергетската ефикасност, според него, стануваат услов за конкурентност.

    Тој посочи дека Владата создава стабилна и предвидлива рамка за зелена и економска трансформација, со цел компаниите полесно да инвестираат и да иновираат.

    Министерот додаде дека отпорните компании се оние кои од кризите излегуваат посилни, а клучот за тоа се луѓето, знаењето и технологијата.

    -Иднината нема да им припадне на најголемите, туку на најприлагодливите компании – истакна Муцунски, нагласувајќи ја важноста на инвестициите во човечки капитал.

    На крајот, тој порача дека успехот нема да се мери само со надминување на кризите, туку со тоа колку тие се претворени во нови можности за раст, инвестиции и развој на економијата.

    Just In Влада
    Прочитај повеќе

    Божиновска: Министерството за енергетика покровител на Националниот средношколски натпревар за зелени иновации

    24.09.2026 во 13:55

    Мицкоски во Њујорк со низа средби: Европската перспектива и регионалната соработка во фокус

    24.09.2026 во 11:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.