Може да ги забележите од километар - како се облекуваат најсреќните луѓе
Колку луѓето се посреќни, толку поедноставно се облекуваат. Без размислување. Овој неочекуван заклучок настана на годишното истражување на Обединетите Нации за нивото на среќа во животите на луѓето.
Од 2011 година, па се до сега, се спроведува истражување за глобалната среќа. Научниците развија технологија која ја мери благосостојбата кај луѓето во различни земји, како и сопствената субјективна проценка колку нивниот живот е добар. Потоа сите тие резултати се споредуваат.
Најсреќните земји во светот во 2020
1. Финска
2. Данска
3. Швајцарија
4. Исланд
5. Норвешка
6. Холандија
7. Шведска
8. Нов Зеланд
9. Луксембург
10. Австрија
11. Канада
12. Австралија
13. Велика Британија
14. Израел
15. Костарика
16. Ирска
17. Германија
18. САД
19. Чешка
20. Белгија
Знаете ли што ги обедува сите овие земји? Крајната едноставност во начинот на живот, особено начинот на облекување. На пример, оние земји во кои што модата е важна, ниско котираат на листата најсреќни земји. Франција се наоѓа на 32 место, Шпанија на 37, додека Италија дури на 50 место на листата на најсреќни земји на светот.
Што се случува со среќните земји?
Нив не ги интересира што препорачува Вог за оваа сезона. Тие го носат она во што се чувствуваат пријатно. Фармерки и обични маички, патики и дуксери. Во Данска на прв поглед нема да знаете кој е момче, а кој девојче. Сите носат едноставна облека, која комотна и памучна. Важно е да се дружат, да се движат слободно и без ограничувања.
Швеѓанките не се оптеретуваат со здолништа, на работа не носат високи потпетици, а да не зборуваме за шминкањето. Швеѓаните се среќни и покрај тоа што нивните жени не изгледаат како модели!
Ова е чист доказ дека среќа не зависи од тоа дали носите брендирана облека, дали сте нашминкани по најновите трендови итн.
Среќни може да бидете и во обични фармерки и маички, а тоа го докажа споменатото истражување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа