Close Menu
Press24
    Најново

    Семејство македонски иселеници во Италија се загинатите во сообраќајката во Словенија

    28.08.2026 во 11:50

    Се молиме, по потекло се од тука, живеат во Равена – Центар Жупа во црно по сообраќајката во Словенија

    28.08.2026 во 14:11

    Во септември растат пензиите: Колку пари ќе добијат македонските пензионери

    28.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полицаец со мотор повреден во сообраќајка во Пробиштип
    • Малолетник со мотор тешко повреден во сообраќајка во Виница
    • Тетово: Почнал да го тепа полицаецот кој го запрел за сообраќајна контрола
    • Го истепал синот и и се дерел на жена му – полицијата го задржала
    • Зеленски: Ќе ја напаѓаме Русија со 1.000 дронови дневно
    • Влада: Ратко Младиќ е осуден за геноцид – Китановиќ да се повлече или да си поднесе оставка
    • Опасноста од нова катастрофа во Непал се намалува
    • Во вторник тргнува градскиот воз во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МОН: Со нов закон системски е решено прашањето за учебниците кои недостасуваа во време на претходната Влада

    МОН: Со нов закон системски е решено прашањето за учебниците кои недостасуваа во време на претходната Влада

    23.09.2025 во 14:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Актуелното раководство на Министерството за образование и наука со нов Закон за учебници, изработен заедно со сите засегнати чинители во одобрувањето, изработката и испораката на учебници во основното и средното образование го реши предизвикот кој четири министри на претходната Влада не успеаја да го надминат.

    -Оваа учебна година има учебници за сите ученици и испораката е веќе завршена. Целосно нови учебници има во седмо одделение во основното образование и во прва година во средно гимназиско образование, поради примената на нови наставни програми. За прв пат, по цели седум години нови учебници има и по сите странски јазици. Изработката на нови наставни програми и учебници ќе продолжи и во следните учебни години, како дел од планот за етапна реформа на националниот образовен систем. Целиот тираж кој беше побаран од училиштата е испечатен и испорачан. Дополнително, на училиштата и учениците покрај печатените учебници, како опција на располагање им се и електронските верзии на истите тие одобрени учебници. Така што, залудни се обидите на политичката партија СДСМ со невистини да се обидува да го девалвира трудот и посветеноста кон учениците и обезбедувањето на услови за квалитетна настава, посочуваат МОН.

    „Помина времето на негрижа кон образовниот систем, учениците, наставниците и родителите. Промените се случуваат, а ефектот ќе се огледа преку новите генерации кои ќе располагаат со поконкурентни знаења и потребните вештини за успех“, велат од МОН.

    Прочитај повеќе

    Полицаец со мотор повреден во сообраќајка во Пробиштип

    29.08.2026 во 15:27

    Малолетник со мотор тешко повреден во сообраќајка во Виница

    29.08.2026 во 15:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.