Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МОН ќе финансира 14 научно-истражувачки проекти меѓу Македонија и Австрија

    МОН ќе финансира 14 научно-истражувачки проекти меѓу Македонија и Австрија

    04.06.2026 во 13:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за образование и наука ќе финансира 14 заеднички научно-истражувачки проекти меѓу Македонија и Австрија, кои ќе се реализираат во области со голем развоен потенцијал согласно Стратегијата за паметна специјализација.

    За секој проект одделно од државниот буџет ќе бидат одвоени по 600 илјади денари, а рокот за нивна имплементација е две години, со почеток од 1 јули 2026 година. Договорите денеска беа потпишани од министерката проф. д-р Весна Јаневска и носителите на проектите.

    Како што на прес-конференција информираше министерката Јаневска, на конкурсот пристигнале вкупно 18 апликации, од кои 14 ги исполниле предвидените услови по спроведените домашни и странски рецензии.

    „Конкурсот беше објавен во септември минатата година врз основа на Спогодбата помеѓу владите на Македонија и Австрија за научна и технолошка соработка од 2008 година. Пристигнатите проекти беа изработени преку партнерства на државни и приватни универзитети, јавни и приватни научни институти и факултети од двете земји. По спроведените рецензии и од македонска и од австриска страна, беше утврдено дека 14 ги исполнуваат условите и критериумите за да бидат финансирани“, рече Јаневска.

    Во однос на распределбата, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје е носител на 9 проекти, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на 3, додека по еден проект имаат Меѓународниот балкански универзитет – Скопје и приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени – Скопје.

    Според Фраскатиевата класификација, 6 од избраните проекти се од инженерство и технологија, 5 се од природно-математички науки, два од земјоделски и ветеринарни науки и еден проект е од општествените науки.

    „Ова не прв пат да се финансираат ваков тип на проекти, но прв пат во конкурсот даваме предност на проекти од техничките науки, односно на области кои, како што реков се дефинирани како приоритетни за делување со Стратегијата за паметна специјализација на државата, а тоа значи дека таму е препознаен развоен потенцијал“, нагласи Јаневска.

    Честитајќи им на носителите, Јаневска порача дека Буџетот за наука во иднина ќе расте, а со тоа и поддршката за вакви меѓународни проекти кои се сметаат за еден од основните столбови на општествено-економскиот напредок.

    Прочитај повеќе

    Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди

    09.06.2026 во 22:37

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.