МНР потврди: Вработен во Министерството е притворен во Србија

Министерството за надворешни работи вечерва потврди дека еден вработен во Министерството, кој во моментов е упатен во нашата Мисија во ОБСЕ во Виена, е притворен во Република Србија на 27 август 2021 година.

– Министерството за надворешни работи на Република Србија официјално ја има известено Амбасадата на Северна Македонија во Белград. Според известувањето, надлежниот суд во Србија определил екстрадиционен притвор по основа на меѓународна потерница за дело за кое се товари дека го сторил за време на негово приватно патување во странство, информираат од МНР.

Работниот однос на притворениот вработен, според МНР, ќе му биде во мирување сѐ додека случајот не биде разрешен.

03.09.2021 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега