Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски се сретна со Ивановиќ: Во фокусот евроинтеграциите, сојузништвото во НАТО и новата авиолинија

    29.10.2026 во 18:12

    Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм

    29.10.2026 во 17:59

    Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција

    29.10.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски се сретна со Ивановиќ: Во фокусот евроинтеграциите, сојузништвото во НАТО и новата авиолинија
    • Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм
    • Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција
    • Физички нападнат скопјанец во Карпош: Напаѓачот му удирал по возилото, па го нападнал на пешачки премин
    • Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“
    • МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана
    • Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција
    • Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МНР го повика бугарскиот амбасадор Радуков поради случајот со Ива Михајлова

    МНР го повика бугарскиот амбасадор Радуков поради случајот со Ива Михајлова

    13.10.2026 во 14:362 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во врска со случувањата поврзани со Ива Михајлова, денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјазко Радуков.

    „На амбасадорот му беше пренесено дека начинот на кој Ива Михајлова беше пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, претставува провокација, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивен на заложбите за развој на добрососедските односи.

    Воедно, беше нагласено дека ваквото постапување претставува директно навлегување во правниот систем на нашата држава и испраќа сериозно погрешна порака во однос на почитувањето на судските постапки и принципот на еднаквост пред законот. Националната припадност или поседувањето друго државјанство не смеат да служат како основа за заштита од одговорност пред надлежните институции.

    На средбата беше посочено дека од Република Бугарија, како членка на Европската Унија, очекуваме постапување во согласност со основните европски принципи – почитување на судските постапки, институционална соработка и владеење на правото.

    На амбасадорот му беше пренесено дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе преземе соодветни чекори за информирање на меѓународните институции, особено институциите на Европската Унија и Советот на Европа.

    На средбата уште еднаш беше нагласена нашата посветеност на развојот на добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување, доверба и европски принципи, при што истата посветеност и одговорност ја очекуваме и од бугарската страна“, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

    Прочитај повеќе

    Муцунски се сретна со Ивановиќ: Во фокусот евроинтеграциите, сојузништвото во НАТО и новата авиолинија

    29.10.2026 во 18:12

    Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција

    29.10.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.