Close Menu
Press24
    Најново

    Внатрешна контрола одлучи: Суспензија за шестмина полициски службеници за инцидентот кај Сарај

    11.10.2026 во 14:39

    Анкета: Граѓаните се задоволни од нивниот квалитет на живот

    11.10.2026 во 12:00

    Едниот ги тепал сопругата, синот и снаата, другиот сопругата: Семејно насилство во Струмица

    11.10.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Младеновска: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и не убедува дека народот живее подобро и сака да го викаат талог
    • Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира 
    • Мицкоски: Добра вест за Македонија, продолжуваме да градиме
    • ЕСМ Снабдување: Грејната сезона ќе почна два дена порано од планираното, на 13 октомври
    • Усје денеска остана без вода
    • Био Ентерпрајз доби признание од „Макпрогрес“ за помошта во фабриката „Винчини“
    • Ива Михаилова замина во Бугарија – како ја поминала границата?
    • Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Шапка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Младеновска: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и не убедува дека народот живее подобро и сака да го викаат талог

    Младеновска: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и не убедува дека народот живее подобро и сака да го викаат талог

    12.10.2026 во 12:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кој видел вакви анкети како што објавува Мицкоски? Платени 400 илјади евра. Прво објавија рејтинг на ВМРО од 19,3 проценти. Од околу 32 проценти на изборите, сега на 19 проценти. Тоа е признание за пад од преку 40% на довербата од сопствените гласачи.

    Ова денеска на прес-конференција во партиското седиште го кажа членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска.

    Уверува дека бројките не се точни за СДСМ и оти партијата ја враќа довербата на народот.

    -Својот пад го објавија ама не ги објавија точните бројки за СДСМ. Морале, затоа што СДСМ ја враќа довербата на народот. Потоа објавија дека граѓаните подобро живеат. Велат дека 57,5 проценти од граѓаните биле задоволни од квалитетот на живот. Народот едвај врзвува крај со крај, работниците имаат најниски плати во Европа и во регионот, нема пари за 600 евра минимална плата, нема пари за пензии, за земјоделци, цените се до плафон. Две минимални не ја покриваат ниту скратената владина кошничка. Со кирија, синдикалната кошничка оди над 90.000 денари. Горивото е до плафон и македонските граѓаните можат најмалку да купат од целиот регион, рече Младеновска.

    Мицкоски и бандата, како што ја нарече ВМРО-ДПМНЕ, не знаеле што прават, вели Младеновска.

    -Втор ребаланс за четири месеци се прави, трет во најава затоа што има огромна дупка во буџетот од 900 милиони и за пензии од 1 милијарда! Нови долгови од 4 милијарди за само две години! Анкетата, исто како бајките на Мицкоски, трета економија во Европа, први во туризам, лидери во авиосообраќај, пензии покачени за 16 пати. Потоа објавија и друго. Народот велат бил задоволен што за Гета платиле 5,53 милиони евра. Во истата анкета, прашање за кампањата по рецепт на Ванчо Михајлов – “талог”. Анкетата вели 41 процент од граѓаните сакаат да ги викаат талог. Дали некој некогаш видел ваква анкета? Народот сакал да го викаат „талог“! Народот се радувал кога плаќа за Гета и провизија на арамијата. Граѓаните сами нека ја оценат оваа анкета. Мицкоски и бандата повеќе не знаат што прават, рече Младеновска.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира 

    12.10.2026 во 12:23

    Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните, аманет да ја чуваме државата

    11.10.2026 во 15:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.