Млад кавадарчанец нападнал полицаец со остар предмет, службеникот е повреден

Млад кавадарчанец физички нападнал полициски службеници и повредил еден со остар предмет, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Синоќа околу 22:30 часот на улицата „Кузман Јосифовски – Питу“  во Кавадарци, 23-годишниот Д.Б. физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, при што со остар предмет повредил еден од нив, појасни Додевски.

Тој додаде дека се преземаат мерки за расчистување на случајот

29.10.2021 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега