Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Р.П.(23) од с.Владимирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 04.02.2026 на регионалниот пат Виница-Берово, на автобуска постојка во с.Мачево, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

