Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мисајловски во Словенија: Македонската армија е гарант на мирот, инвестициите во одбраната ја зацврстуваат регионалната стабилност

    Мисајловски во Словенија: Македонската армија е гарант на мирот, инвестициите во одбраната ја зацврстуваат регионалната стабилност

    22.09.2026 во 14:333 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Македонската Армија не само што е гарант на мирот и безбедноста на земјата, туку и активно придонесува кон зацврстувањето на регионалната и колективната безбедност, а одбраната силно инвестира во развојот на капацитетите на Армијата“, рече министерот Владо Мисајловски на денешната министерска средба во Брдо, Словенија, во формат министри за одбрана на Централноевропската одбранбена соработка и Западниот Балкан.

    Министерот Мисајловски се задржа и на севкупните инвестиции во одбраната и активностите поврзани со одбраната и безбедноста.

    „Со инвестиција од 2 проценти во одбранбениот буџет и силните инвестиции во воената мобилност преку изградбата на коридорите 8 и 10, земјава не само што ги исполнува во целост своите обврски кон заедничката Алијанса, туку и на терен ја зацврстува безбедноста и стабилноста на поширокиот регион“, рече Мисајловски и додаде дека „воената мобилност ја сметаме за еден од клучните фактори што ја овозможуваат европската и евроатлантската безбедност“.

    Во контекст на европската поддршка, министерот Мисајловски го спомена четвртиот европски пакет кој за прв пат вклучува активности за развој на инфраструктурата на армискиот полигон „Криволак“ кој е исклучително важен ресурс за обука и извежбување за македонската Армија, сојузниците и партнерите.

    Во своето обраќање Мисајловски се осврна на потребата од континуирано зацврстување на регионалната безбедност при што нагласи: „Стабилен Балкан значи стабилна Европа“, посочувајќи ги мисиите на НАТО, КФОР, на Косово и на ЕУ АЛТЕА во Босна и Херцеговина во чии рамки придонесуваат и македонските војници и додаде дека низ годините регионот се трансформираше од увозник во извозник на мир, стабилност и безбедност.

    „Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во одбранбените иницијативи на Европската Унија дополнително ќе ја зајакне регионалната стабилност и севкупната безбедност на Европа“ рече Мисајловски во контекст на одбранбената соработка во Централна Европа и Западниот Балкан и додаде дека земјава „поддржува поголема вклученост на балканските партнери во релевантните одбранбени иницијативи и инструменти на Европската Унија.“

    Министерот Мисајловски денеска учествуваше и на средбата во формат земји – учеснички во Балканските медицински наменски сили, каде говореше за успешноста на оваа иницијатива, но и за потребата од носење на одлуки со кои ќе се зголеми визибилноста на овие регионални сили.

    „Земјите-членки на Балканските медицински наменски сили влегуваат во период во кој се потребни конкретни чекори за преземање поголема одговорност. Безбедносните случувања влијаат врз приоритетите на партнерите на БМНС, при што фокусот сè повеќе се насочува кон други региони. Токму затоа, сега е потребно заеднички да покажеме и јасно да изразиме силна волја, посветеност и визија за понатамошниот развој на БМНС“, рече Мисајловски. Тој потврди дека нашата земја ја поддржува идејата за разгледување на можностите БМНС да даде свој придонес и надвор од балканскиот регион, за што ќе бидат потребни позитивен пристап, заедничка волја и посветеност од сите земји-членки.

    Прочитај повеќе

    Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор

    06.10.2026 во 15:51

    Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата

    06.10.2026 во 15:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.