Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска ќе оствари посета на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во касарната „Јане Сандански“ во Штип.

За време на посетата, министерот ќе има можност да се запознае со тековните активности и условите за работа на војската, како и да изврши детален увид во градежните работи кои се изведуваат во два од објектите на касарната. Во рамките на посетата, Владо Мисајловски ќе се сретне и со командниот кадар и со припадниците на Армијата, со цел да разговара за потребите, плановите за развој и модернизација на инфраструктурата, како и за поддршката што Министерството за одбрана ја обезбедува за подобрување на условите за служба.

Посетата е дел од континуираните активности на министерот за подобрување на условите за работа на припадниците на Армијата и за следење на напредокот на градежните проекти во касарните низ државата.

Exit mobile version