Демократскиот сојуз укажува на потребата од единство и ги повикува сите партии да покажат државничко однесување, без да создаваат непотребна паника и страв кај граѓаните, користејќи ја војната на Блискиот Исток за дневно-политички поени.

Според соопштението, негативните рефлекси од конфликтот се присутни ширум светот, но преку медиумите и социјалните мрежи се предимензионираат, создавајќи нервоза и психоза на несигурност. На вакви состојби најчувствителни се пазарите и берзите, а вештачки се нарушува и снабдувањето со енергенси.

-Многу брзо војната  ќе заврши и ќе почнат разговори и веруваме дека во светот ќе надвладее потребата од мир, како на Блискиот Исток така и во Украина. Македонија треба и натаму да ја следи политиката на САД и ЕУ, водејќи сметка за нашите стратешки и национални интереси.Во овие турбулентни времиња и геостратешки и безбедносни раздвижувања, неопходно е разумно, одговорно и трпеливо однесување, велат од партијата.

Exit mobile version