Општинската организација на Црвениот крст од Охрид започнува со бесплатни психолошки консултации за граѓаните, како дел од своите здравствено-превентивни активности.

Советувањето ќе се одвива во просториите на Црвениот крст во Охрид, секој петок од 9 до 12 часот, со претходно закажување. Заинтересираните можат да закажат термин на телефонскиот број 070 729 615.

Консултациите ќе ги води гешталт советничката Мерсиха Исмајлоска. Гешталт терапијата е научно заснован психотерапевтски метод со корени во хуманистичката филозофија, кој има за цел поттикнување личен раст, зрелост и автономност преку зголемена свесност за сопствените мисли, чувства и однесување во сегашниот момент.

Бесплатното психолошко советување се реализира во Центарот за личен развој, едукација и психотерапија „Анима“.

Exit mobile version