Министерството за здравство на Израел објави нови драматични податоци за бројот на жртви и повредени од почетокот на воената операција. Само во изминатите 24 часа, во израелските болници биле примени 191 лице, меѓу кои има и војници и цивили.

Според официјалните податоци објавени од „Тајмс оф Израел“, вкупната бројка на хоспитализирани од почетокот на војната достигна 2.339 лица. Во моментов, 95 лица сè уште се на болничко лекување, од кои 11 се во сериозна состојба, додека едно лице е во критична фаза и се бори за живот.

Exit mobile version