Минувале на црвено, користеле телефон, немале сигурносен појас - Казнети 117 возачи во Скопје

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, осум мерки за користење на мобилен телефон при управување, десет мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло.

Од МВР денеска соопштуваат дека се изречени и шест санкции за прекршоци за возачи на мотоцикли, како и четири мерки за возачи почетници. 

04.07.2024 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега