Министерство за правда: Не сме надлежни за регистрирање на клубот „Ванчо Михајлов“, надлежноста е на Централниот регистар Битола

Министерството за правда не е надлежно за регистрирање на клубот „Ванчо Михајлов“, надлежноста е на Централниот регистар Битола, велат за МИА од Министерството за правда.

Посочуваат дека клубот „Ванчо Михајлов“ е регистриран на 15.03.2019 година во Централниот регистар Битола.

 

– Лицето Љупчо Ѓорѓиевски достави барање до Министерството за правда на 27.02.2019 година со кое во името на Културниот центар бара одобрение за употреба на името „Иван Михајлов”. Министерството за правда во писмен допис од 15.03.2019 година го информира Ѓорѓиевски дека Министерството не е во можност да издаде одобрение за употреба на името „Иван Михајлов” во име на здружението. Министерството се повикува на фактот што во називот на здружението Културен центар „Иван Михајлов”, кое е е во постапка на основање и регистрирање пред Централен регистар на Република Северна Македонија, содржано е името на историска личност, а имајќи предвид дека не постои регистар на историски личности или било кој друг документ со кој може да се утврди статусот на историската личност  поради што министерството, не може да даде одобрение, велат од Министерството за правда за МИА.

 

Оттаму информираат дека во тек е подготовка на Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации.

 

-Формирана е работна група на 16.03.2022 година. Објавен е и јавен повик  на веб страницата на Министерството за правда за сугестии и забелешки на граѓански организации и здруженија за предлог измнеите. Целта на законот е подобрување на праввната рамка во делот на одредбите кои се однесуваат на статусот на организацијата од јавен интерес, регистрација на граѓански организации, дефинирање на статус на непрофитни организации како и начинот на нивно финансирање, истакнуваат од Министерството за правда.

 

Вчера тогашната министерка за правда Рената Дескоска преку социјалните мрежи рече дека Министерството не дало одобрение за основање на здружение со името Ванчо Михајлов во 2019 година, по што од Централен регистар соопштија дека практично Министерството се прогласило за ненадлежно, па немале друг избор, освен да го регистрираат Здружението.

 

– Централниот регистар го зема во предвид известувањето од Министерството за правда за немање регистар за историски личности но, исто така, не е предвидено дека друг државен орган води регистар на историски личности. Или, со други зборови, не постои надлежен државен орган кој може да издаде одобрение за употреба на име на личност, соопштија од Централен регистар.

 

Тие се повикуваат на членот 49 во кој се вели дека „Согласно член 49 од Законот за трговските друштва – Во фирмата може да се внесе име и презиме на историска и друга позната личност само со согласност на личноста, или, ако е почината, со согласност на нејзините сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда“.

Тие се повикуваат на досегашната пракса, секогаш да добиваат исти известувања од Првада за субјектите кои во својот назив имаат податоци за лично име. Оттаму наведуваат дека не нашле ништо спорно во програмата и статутот на Здружението. Централен регистар исто така оценува дека се неопходни прецизирања на Законот за здруженија и фондации, со кои ќе бидат остранети сите недоречености.

19.04.2022 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега