Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев: Го поставуваме темелот за нова генерација професионални лидери во јавната администрација

    Минчев: Го поставуваме темелот за нова генерација професионални лидери во јавната администрација

    03.10.2026 во 12:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    При официјалната посета на Рим, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на програмата наменета за едукација на високите раководители во италијанската јавна администрација, која се реализира во рамки на Националнота академија за јавна администрација на Италија (SNA), а на која учествуваа над 100 раководители.

    Обраќајќи им се на идните раководители во италијанската јавна администрација, министерот Минчев ја претстави реформата што Министерството за јавна администрација ја спроведува во областа на професионалниот развој на административните службеници, со посебен фокус на воспоставувањето на Академијата за професионален развој и обука на административните службеници.

    „Нашата амбиција е Академијата да биде повеќе од место каде што луѓето едноставно посетуваат обуки. Сакаме таа да стане платформа за континуиран професионален развој, лидерство, размена на искуства и градење на компетенциите што ги бара современата европска јавна администрација“ – истакна Минчев.

    Тој нагласи дека Македонија во воспоставувањето на новиот систем не сака да се потпира само на сопственото искуство, туку активно да учи од европските институции со долгогодишна традиција во професионалниот развој на јавната администрација.

    Минчев говореше и за реформата на системот на високи раководни позиции во Македонија. Тој истакна дека Законот за високи раководители, усвоен претходно оваа година, ќе започне да се применува од октомври 2026 година, со цел да се зајакнат професионалноста, заслугите и одговорноста при изборот и именувањето на високите раководители во јавните институции.

    „За нас, законодавството е само почеток. Вистинската реформа ќе се мери според тоа како овие принципи функционираат во пракса и според квалитетот на лидерството и услугите што ги чувствуваат граѓаните“ – истакна Минчев.

    Посетата на Националната академија за јавна администрација на Италија е дел од активностите на министерот Минчев во рамки на официјалната посета на Рим, во која беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Министерството за јавна администрација на Република Македонија и Одделот за јавна администрација при Претседателството на Советот на министри на Италијанската Република.

    Прочитај повеќе

    Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило

    23.10.2026 во 15:37

    Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си

    23.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.