Close Menu
Press24
    Најново

    Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа 

    27.10.2026 во 19:15

    Николова: Со вториот ребаланс власта ги крати парите за реконструкција на училишта, студентски и ученички домови 

    27.10.2026 во 19:01

    Лавров: Русија не гледа суштинска промена во ставот на европските земји кон конфликтот во Украина

    27.10.2026 во 18:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа 
    • Николова: Со вториот ребаланс власта ги крати парите за реконструкција на училишта, студентски и ученички домови 
    • Лавров: Русија не гледа суштинска промена во ставот на европските земји кон конфликтот во Украина
    • Неочекувана понуда од Кремљ: Путин му гарантира целосна безбедност на Зеленски доколку ја посети Москва
    • Петмина повредени во сообраќајна несреќа во Струмица
    • Путин ја предупреди Европа: Со санкциите врз рускиот гас Европската Унија сама си ја копа сопствената јама
    • Големо враќање: Велика Британија од 1 јануари повторно се приклучува на програмата „Еразмус плус“
    • Финансиско закрепнување на „Боинг“: Компанијата ја стопи минатогодишната огромна загуба и пријави нарачки од 745 милијарди долари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа 

    Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа 

    27.10.2026 во 19:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија.

    „Однесувањето на претседателот Филипче е прилично едноставно, тој би сакал да разговара за се освен за состојбите во СДС, и за неговиот рејтинг или за кохезијата на нивната политичка партија и затоа разговара за Србија, очекувам да почне да разговара и за Бразил дека таму победила СДС“, рече Милошоски.

    Милошоски истакна дека на Македонија и е потребна посилна и поконструктивна опозиција која ќе има капацитет да ја корегира власта и да понуди конкретни политички и економски решенија, потенцирајќи дека СДС под водство на Филипче не успева да го искористи опозицискиот потенцијал.

    „Нас потребна ни е посериозна, позрела опозиција со посилен потенцијал, гледаме дека тој како лидер на политичка партија е една слика што ја имаме дома, односно имаме лидер на политичка партија којашто нема капацитет да го искористи опозициониот потенцијал и да биде сериозен критичар на власта или да нуди сериозни политички или економски алтернативи. Ако тој смета дека рејтингот на СДС расте тогаш би било логично да побара предвремени избори, ако не бара предвремени избори тогаш јасно е зошто не ги бара, бидејќи рејтингот му е прилично слаб дури и ако гледате рејтингот на СДС како политичка партија е повисок од неговиот личен рејтинг, што значи симпатизери на СДС не би гласале за претседателот на нивната партија“, посочи Милошоски и додаде:

    „Веројатно имаат ПР куќа којашто има релации и со Македонија и со Србија и затоа СДС последниве година дена во секое трето соопштение има дел од српската политика во тоа соопштение коешто треба да е насочено како критика кон нашата власт, а истиот Филипче постелаше црвен килим за еден пакет вакцини“.

    Прочитај повеќе

    Клековски ги претстави македонските здравствени приоритети на состанокот на СЗО во Копенхаген

    27.10.2026 во 16:19

    Тренчевска: Вториот ребаланс е фискален пораз, признание за неспособност и паника во државната каса

    27.10.2026 во 15:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.