Дивок Ориги повеќе не е играч на Милан. Клубот од „Сан Сиро“ денеска и официјално ја прекина соработката со 30-годишниот напаѓач, кој последната година ја помина тренирајќи со младинците наместо со првиот тим.

Ориги дојде во Милано во летото 2022 година како слободен играч од Ливерпул, но неговата авантура во Италија се покажа како целосно фијаско. По разочарувачката дебитантска сезона, тој беше испратен на позајмица во Нотингем Форест, каде исто така не се прослави.

Откако се врати во Милано летово, му беше јасно ставено до знаење дека не е во плановите на тренерот. Сепак, тој одбиваше трансфер за да ја зачува високата плата од 4 милиони евра, прифаќајќи дури и да тренира со деца само за да го наплати договорот.

Денеска, таа сага заврши, а Ориги сега е слободен агент кој ќе мора да ја рестартира кариерата која стрмоглаво оди во надолна линија.

Exit mobile version