Михајловски: Четири години ја черечат и закопуваат културата и никој ни да гукне

Четири години ја черечат и закопуваат културата, пљачкосуваат преку проекти на празни листови кои никогаш не го виделе светлото на денот и на сцената, укинуваат фестивали, ги присвојуваат театрите и никој ни да гукне. Оној кодошот на Шишков е набутан во сите комисии и одбори и си лечи комплекси врз колегите. И сега за фотељи ќе се крева уметничка револуција. Не бил од културата. Па што фајде видовме од лоповите кои беа од културата? Крадеа како да имаат осум раце. И директори и министри, и се луѓе од фелата. И секогаш заштитени, напиша на својот Фејсбук профил актерот Тони Михајловски.

„До кај е случајот на МНТ за мистериозните 150 000 евра? До никаде. Исто ќе биде и со 8те милиони на Шашо од Комедија. Ќе никне некоја убава куќа во околината на Скопје и толку.

Оваа пандемија го изнесе на виделина фактот дека театарот е апсолутно небитен, непотребен а и опасен. А ние, наместо да и се понудиме на публиката во некоја, било каква, форма соодветна на невремето кое го живееме се колеме за фотеља, скокање група и цвичиме за плата“, напиша Михајловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2021 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега