Случајот со бегството на осомничениот бизнисмен и сопственик на „Марковски компани“, Борче Марковски, по враќањето на патната исправа од страна на судот во Струга, добива нова сериозна димензија. Претседателотка на Владата, Христијан Мицкоски, отворено проговори за скандалот со отстранувањето на мерките за обезбедување, посочувајќи дека во целата постапка постојат директни соучесници и фалсификувани записници во правосудните органи.

За време на неговата работна посета на Битола и обиколката на Клиничката болница, премиерот потврди дека лично го следи предметот и дека одговорноста нема да изостане.

„Јас вчера го следев случајот и малку се заинтересирав. И мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес. И тоа нема така да заврши – рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања при посетата на Клиничката болница во Битола.“

Потсетувајќи дека Марковски е првообвинет за злоупотреби при јавни набавки во РЕК „Битола“ во вредност од близу 1,7 милиони евра, чие заминување преку Табановце се случи само еден ден по судската одлука, премиерот нагласи дека Основното јавно обвинителство излегло со целосно спротивни податоци од оние презентирани од Вишото обвинителство во Битола.

„Набргу ќе има истрага затоа што од страна на надлежното Основно јавно обвинителство имаме поинаков извештај од тој кој е приложен како записник од страна на Вишото јавно обвинителство во Битола. И ова нема така да заврши. Ова лично јас ви го гарантирам и јас лично ќе го следам овој случај – рече Мицкоски.“

Exit mobile version