Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 08:20 часот на експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп, во близина на Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „хјундаи“ и О.Г.(45) од Скопје, сопатничка во истото возило, а со телесни повреди се здобиле С.Д.(50) и С.П.П.(42), двете од Скопје, сопатнички во патничкото возило „хјундаи“, како и возачот на патничкото возило „ауди“ и сопатниците во неговото возило, М.Д.(18), А.М.(18) и двајца 17-годишници, сите од Битола, констатирани во Општа болница Велес.
Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
- Муцунски во Охрид го пречека српскиот премиер Ѓуро Мацут
- СДСМ: Јавниот долг достигна речиси 11 милијарди евра, граѓаните плаќаат за задолжувањата
- ВИДЕО: Избувна ризичен пожар во валандовско
- Сонцето не попушта – во 17 часот врие во Македонија, УХМР соопшти каде е најтопло
- СДСМ: Мицкоски покажа со прст кон друг по одлуката за Борче Марковски
- Стан во Скопје продаден за 3.360 евра по квадрат
- Малолетник од Радовиш заработи кривична – силувал 13-годишно девојче
- Го следела и го вознемирувала поранешниот сопруг – велешанец пријавил во полиција


