Ноќеска во 02:20 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.С.(34) од Гостивар.

Претходно, неговата 36-годишна сопруга пријавила дека околу 23:00 часот, по кратка расправија, физички ја нападна во семејниот домот и од нејзината чанта одзел пари и клучеви од нејзиното возило и заминал.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Exit mobile version