Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Т.М. и И.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Првопријавениот Т.М., полицски службеник во Полициската станица Струга и второпријавениот И.Ш., „главен полицаец за вршење увиди на сообраќајни незгоди“ во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга, на 14.05.2026 во просториите на ПС Струга, при спроведување на лице, кое претходно било лишено од слобода, употребиле прекумерна физичка сила над него.
Имено, и покрај тоа што лицето било врзано со лисици, пријавените физички го нападнале и го удирлае со раце и нозе. Одделот за внатрешна контрола против двајцата ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муницијата и суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
- Муцунски во Охрид го пречека српскиот премиер Ѓуро Мацут
- СДСМ: Јавниот долг достигна речиси 11 милијарди евра, граѓаните плаќаат за задолжувањата
- ВИДЕО: Избувна ризичен пожар во валандовско
- Сонцето не попушта – во 17 часот врие во Македонија, УХМР соопшти каде е најтопло
- СДСМ: Мицкоски покажа со прст кон друг по одлуката за Борче Марковски
- Стан во Скопје продаден за 3.360 евра по квадрат
- Малолетник од Радовиш заработи кривична – силувал 13-годишно девојче
- Го следела и го вознемирувала поранешниот сопруг – велешанец пријавил во полиција


