Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Во Општина Прилеп се инвестираат над 12 милиони евра за капитални проекти

    Мицкоски: Во Општина Прилеп се инвестираат над 12 милиони евра за капитални проекти

    21.08.2026 во 12:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, истакна дека во Општина Прилеп преку владината програма за децентрализација и поддршка на општините се финансираат капитални проекти во вредност од над 12 милиони евра.

    Мицкоски посочи дека во моментов низ државата има над 1.200 градилишта како директен резултат на пренасочувањето на средства од централниот буџет кон локалните самоуправи.

    „Би сакал да ја искористам оваа можност да потенцирам дека овие проекти се многу значајни за сите општини во Македонија. Ова што го кажа градоначалникот на Прилеп, но и потпретседателот на Владата и министер за транспорт дека со овие проекти додаваме вредност и го зголемуваме квалитетот на живот е вистина бидејќи имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините. Во оној неврзан муабет со градоначалникот бев информиран дека повеќе од 12 милиони евра се проектите коишто од страна на Владата се финансираат во Прилеп преку оваа програма. И кога на тоа ќе се додадат и средствата коишто Општина Прилеп ги издвојува како средства за капитални инвестиции, плус други програми коишто доаѓаат од другите министерства надвор од оваа програма, тогаш доаѓаме до една огромна бројка и огромна бројка на проекти коишто ќе имаат за задача да го подобрат квалитетот на живот во Прилеп“, изјави Мицкоски.

    Премиерот изрази благодарност до сите чинители вклучени во процесот на подготовка и реализација на инвестициските активности во општина Прилеп.

    „Би сакал да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на градоначалникот и да честитам за посветената работа којашто ја прави изминатиов период, на советниците коишто ја поддржуваат неговата работа како градоначалник, на пратениците коишто се од Прилеп и коишто се борат за проект повеќе за Прилеп и овој дел од Македонија. Да се заблагодарам се разбира тука и на колегите од Владата, на сите оние коишто учествуваат во реализацијата на овие проекти бидејќи нашата цел како Влада уште на самиот почеток беше да испорачаме што е можно повеќе проекти во рамките на нашите можности со коишто ќе го подобриме онолку колку што можеме квалитетот на живот на нашите сограѓани“, рече Мицкоски.

    На крајот, премиерот посака планираните градежни активности да завршат во предвидените временски рамки.

    „Така што уште еднаш еве честитам на сите и би посакал да се движиме во рамките на роковите коишто се зададени за да овие проекти бидат пуштени во употреба и ја имаат својата полна намена“, заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај

    20.09.2026 во 15:48

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.