Мицкоски: Притисокот на власта со палење на автомобили нема да помине

 

При денешната посета на општина Бутел, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се навикнати на притисок од власта и ако таа мисли дека тоа е начинот да се пресметува и да се прави политички притисок врз политички неистомисленици многу се лажат.

 

„Не, ние сме навикнати да живееме под притисок, кај нас е чудно ако нема притисок, но и тоа ќе помине, се навикнувате, еве гледате што се случи во Прилеп, претходно го опожарија возилото на директорот на комуналното претпријатие, па градоначалникот имаше став и покрај тоа што советот во општина Прилеп јасно кажа дека треба да се смени командирот на полициската станица, од Спасовски и од МВР нема реакција, во текот на ноќта беше опожарено возилото и за малку фалеше поголема трагедија да се опожари неговата семејна куќа во Прилеп на пратеникот Петар Ристески, но ако мислат дека тоа е начинот да се прават политички притисок врз политички неистомисленици се лажат“, истакна Мицкоски.

Минатата ноќ му беше запален автомобилот на пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ.

20.07.2022 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега