Инвестициите во македонското здравство остануваат во врвот на државните приоритети, но целосното обновување на системот кој со децении бил руиниран бара време, енергија и огромни финансиски средства. Ова го истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за време на денешната работна посета на ЈЗУ Клиничка болница во Битола, каде заедно со министерот за здравство Сашо Клековски присуствуваше на промоцијата на новиот влез и новата современа апаратура за потребите на оваа здравствена установа.
Премиерот потенцираше дека Владата оваа година обезбедува историски најголеми средства за здравствениот сектор, нагласувајќи дека реновирањето и екипирањето ќе се одвиваат чекор по чекор.
„Здравството е еден од врвните мои лични приоритети, но и приоритети на Владата. За жал, тоа е процес којшто бара време, бара енергија, трпение, но најмногу од сè бара пари, затоа што тоа што е уништувано со години, да бидам попрецизен со децении, за жал преку ноќ не можеме да го исправиме, изјави премиерот Мицкоски за време на денешната посета на ЈЗУ Клиничка болница во Битола.“
Претседателотка на Владата јасно стави до знаење дека средствата од државната каса директно се прелеваат во подобрување на условите за пациентите и медицинскиот кадар, отфрлајќи ги импровизациите и најавувајќи продолжување на несмалената динамика на инвестирање.
„Како Влада оваа година рекордно издвојуваме, повеќе од 1 милијарда евра за здравството и потребите на граѓаните за здравствени услуги. Морам да признаам дека сè што можеме да направиме од страна на Владата во периодот што помина и тој што следи ќе го направиме. Ваков тип на проекти за мене импресионираат. Но, ова е само почеток, целта ни е целосно реновирање. Одиме чекор по чекор до екипирање и од човечки капацитет, но и од оној другиот ресурс преку опрема, апаратура неопходни за да се дадат здравствените услуги на граѓаните, она што им е потребно. Досега успеавме дел од тоа што недостасуваше да го обезбедиме, но и отсега со несмалена динамика ќе продолжиме во таа насока, нагласи премиерот Мицскоски.“
На крајот од посетата, од владината прес-служба потсетија дека извршната власт останува посветена на решавање на сите предизвици за создавање модерно европско здравство кое целосно ќе ги задоволи потребите на граѓаните.


