Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека во текот на оваа година нема да се одржат избори во државата. Според неговите најави, тековната 2026 година е предвидена за спроведување на клучни реформи и внатрешна консолидација.

Мицкоски истакна дека неговата цел е почитување на редовниот изборен календар, што би значело излегување на гласање дури по две години.

„Мојот став е дека оваа година избори нема. Оваа година е реформска и година на консолидација. Јас би сакал да имаме редовни избори кои ќе се случат во пролетта 2028 година“, истакна Мицкоски.

Иако фокусот на Владата во моментов е ставен на реализација на ветените проекти и економските чекори, премиерот порача дека политичката структура што ја предводи останува мобилна.

Тој додаде дека неговата партија е во постојана подготвеност за изборно соочување, без разлика кога ќе биде одреден терминот за нивно одржување.

Exit mobile version