Diamond Mall продолжува да се развива како динамична и современа шопинг дестинација, која постојано инвестира во збогатување на својата понуда и поквалитетно искуство за посетителите.

Со јасна стратегија за развој и јакнење на својата позиција, овој влијателен трговски центар го засилува своето портфолио со нови, препознатливи меѓународни и домашни брендови.

„Проширувањето на нашата понуда со нови, внимателно селектирани домашни и меѓународни брендови претставува значаен чекор во понатамошниот развој на Diamond Mall како современа и посакувана шопинг дестинација. Наш приоритет е на посетителите да им овозможиме разновиден и квалитетен избор што ги следи најновите трендови, но истовремено и пријатно искуство при секоја посета. Веруваме дека токму балансот меѓу богатата понуда и целокупната атмосфера е клучен за градење долгорочна доверба и лојалност кај нашите потрошувачи и ќе продолжиме да работиме на обезбедување на најдоброто за нашите посетители“, изјави Селин Октај, директорка на Diamond Mall.



Меѓу новитетите е отворањето на N Selection, кој во Diamond Mall го претставува својот прв продажен простор на Балканот реализиран според најнов малопродажен концепт. Станува збор за современ продажен простор кој нуди внимателно избрана понуда на спортска и урбана облека и обувки, следејќи ги актуелните трендови и потребите на модерниот потрошувач.

Наскоро се очекува и отворање на најновиот концепт на модниот бренд Ted Baker, реномиран британски бренд за облека и модни додатоци, кој се издвојува по елегантниот и софистициран стил, со современ пристап кон класичната мода. Паралелно, Jack & Jones, еден од водечките европски брендови за машка облека, со урбан и секојдневен стил, кој за првпат се претставува со сопствен продажен простор на македонскиот пазар токму преку Diamond Mall.

Овој месец се очекува и отворањето на Palma d’Oro, бренд кој нуди елегантен накит и стилски модни детали, како и Popeyes, светски познат американски синџир за брза храна, особено ценет по својата карактеристична луизијанска кујна.

Овие новитети ќе се надоврзат на неодамна отворените салони во Diamond Mall, меѓу кои Nine West, глобално познат бренд за обувки и модни додатоци, како и на Fayda Home, бренд специјализиран за мебел и уредување на домот, со современи и функционални решенија за ентериер. Од почетокот на годинава, пак, веќе се реализирани неколку нови продажни концепти, меѓу кои Dust and Cream, бренд за козметика и производи за лична нега со широк асортиман, Mr. Blade, модерен салон специјализиран за машки фризури и нега, како и Case Box, кој нуди широка палета на додатоци за мобилни уреди.

Има содржини и за љубителите на здравиот живот и спортските активности. Дел од понудата на Diamond Mall е Athletic Fitness, познат меѓународен фитнес центар кој е еден од најголемите во
државата. Со современа опрема и пространи тренинг-зони, центарот привлекува широка публика, што се должи и на високото ниво на услуги.

Со ваквиот широк избор, кој опфаќа мода, убавина, гастрономија и услуги, Diamond Mall не само што го модернизира својот изглед, туку и гради препознатлив идентитет како современ урбан центар.

Комбинацијата на нови концепти, премиум и популарни брендови, но и вниманието посветено на целосното корисничко искуство, го позиционираат како значајна дестинација за шопинг, дружење и релаксација.

Exit mobile version