Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Од Владата до општините се обезбедени половина милијарда евра за капитални проекти

    Мицкоски: Од Владата до општините се обезбедени половина милијарда евра за капитални проекти

    02.06.2026 во 12:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за време на пуштањето во употреба на нов објект, информираше за тековната инвестициска динамика и соработката со локалните самоуправи за реализација на капитални проекти низ земјата.

    „Добар ден од мене до сите вас, добар ден до граѓаните. Уште еден од проектите кои се довршуваат и се пуштаат во функција, во употреба. Нормално дека човек не може да не биде задоволен кога ќе направите нешто добро, корисно за заедницата. Гледате дека веќе има и млади луѓе кои што го користат овој објект“, изјави Мицкоски.

    Тој посочи дека целта на Владата останува целосно исполнување на преземените обврски и завршување на ветените проекти во претстојниот период.

    „Така што еве, јас посакувам уште многу вакви проекти во периодот кој што следи да ги отпочнеме и оние кои што се отпочнати да ги дозавршиме бидејќи сите оние ветувања кои што се давани треба и да се реализираат. Така што во таа насока е и овј проект“, додаде премиерот.

    Мицкоски ги презентираше и конкретните финансиски бројки наменети за локалниот развој, кои се реализираат преку повеќе ресорни програми.

    „Што се однесува до Владата ние продолжуваме посветено да работиме заедно со општините во насока на завршување на проектите кои што преку две програми во суштина и два повика од Министерството за локална самоуправа беа објавени, некаде околу 350 милиони евра, со се сите оние други проекти кои што министерствата ги финансираат преку други програми, вкупната инвестиција директна, од владата во општините за капитални инвестиции е околу половина милјарада евра“, подвлече премиерот.

    На крајот, тој потенцираше дека ова претставува рамка за досегашната рамнотежна активност со општините.

    „Од прилика тоа е инвестициската активност којашто оваа влада за овие не цели две години откако е избрана ја реализира заедно во соработка со општините. Така што, во насока ќе продолжиме и во периодот кој што следи“, заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.