Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Самитот во Тиват: Со Мерц разговаравме за нон-пејперот за постепена интеграција во ЕУ

    Мицкоски од Самитот во Тиват: Со Мерц разговаравме за нон-пејперот за постепена интеграција во ЕУ

    05.06.2026 во 14:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред почетокот на работниот дел на самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват, даде детален пресек на неговите билатерални средби со европските лидери.

    Тој потврди дека на состанокот со германскиот канцелар Фридрих Мерц станало збор за заедничкиот германско-француски предлог кој предвидува етапно интегрирање на регионот пред полноправно членство.

    • Имавме билатерална средба со канцеларот Мерц, разговаравме и на таа тема. Имаме ние свој инпут во сето тоа и свое мислење, што го пренесовме. Подетално ќе разговараме за време на работниот дел на самитот. Така што да бидеме трпеливи, сепак, ова се моменти кога практично ЕУ, односно Европскиот совет јасно кажува дека процесот на проширување останува жив, рече Мицкоски.

    Првиот човек на Владата посочи дека клучниот фокус на извршната власт останува насочен кон зачувување на евроинтегративниот процес и напредувањето во реформите, но со заштита на државните позиции.

    • Наша цел е да станеме држава која испорачува најмогу реформи, истовремено да останеме фокусирани на проширувањето и да го сочуваме националното достоинство, рече Мицкоски.

    Мицкоски изрази задоволство од дијалогот со Мерц, францускиот претседател Макрон и претседателката на ЕК, Фон дер Лајен, додавајќи дека на средбите биле отворени и прашањата за преземените обврски на претходната власт.

    • Јас сум исклучително задоволоен од состанокот со Мерц, како и од она што го разговаравме на состанокот со францускиот претседател (Емануел) Макрон на работната вечера, како и со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен. Да, се разбира дека уставните измени што ги прифати претходната влада, беа тема на состаноците. Нашиот став е дека ние заслужуваме многу повеќе од просечни политички медиокритети, како што беше претходната влада да ни ја креираат европската судбина. Мислам дека голем дел од земјите членки на ЕУ тоа го разбираат. Процесот на проширување е жив и добро е што таа порака денеска лидерите на земји членки на ЕУ ја испраќаат, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.