Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Од 1 февруари официјално стартува „Безбеден град“

    Мицкоски: Од 1 февруари официјално стартува „Безбеден град“

    18.01.2026 во 15:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Системот „Безбеден град“ е пред официјално пуштање во функција, а премиерот Христијан Мицкоски најавува дека ефектите од досегашната примена на камерите веќе го менуваат однесувањето на возачите. Прашан за поддршката од опозицијата и законските измени, премиерот истакна дека клучен е хуманиот аспект.

    „Јас вчера имав координативен состанок со раководството на МВР и со луѓето кои се одговорни за овој проект. Бројките во јануари се уште поохрабрувачки споредено со бројките од декември“, истакна Мицкоски, додавајќи дека бројот на дневни прекршоци е намален од сто илјади на само неколку илјади.

    И покрај најавите за старт на 1 февруари, останува неизвесноста околу поддршката на дел од опозицијата. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претходно побара гаранции преку амандмани за да ги поддржи измените на Законот за прекршоци. Мицкоски, пак, вели дека е логично да има усогласувања во првите три до шест месеци.

    „Никој веднаш кога го имплементирал овој проект не бил перфектен 100 отсто. Логично е во следните три до шест месеци да имаме одредени усогласувања. Но, исто така, она што, ќе повторам, мене ме прави среќен е што хуманиот аспект од овој проект ние го постигнавме, а тоа е помалку жртви како резултат на сообраќајни незгоди“, порача премиерот.

    Проектот има за цел целосна автоматизација на казнувањето за сообраќајни прекршоци, со што се очекува значително зголемување на дисциплината на патиштата во главниот град.

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.