Close Menu
Press24
    Најново

    Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните

    29.10.2026 во 19:16

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина

    29.10.2026 во 19:11

    ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини

    29.10.2026 во 19:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација
    • Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога
    • Сиљановска-Давкова на средба со словачкиот министер Бланар: Постепената интеграција во ЕУ е важна, но не е замена за полноправно членство
    • Дрвошанов бара одговори за новите гасоводи, професионалните војници и здравствената опрема
    • УХМР со најнова прогноза – доаѓа пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски очекува пад на цената на горивата и стабилизирање на инфлацијата

    Мицкоски очекува пад на цената на горивата и стабилизирање на инфлацијата

    29.07.2026 во 14:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата најавува надолна корекција на цените на горивата во земјава со почетокот на новата недела, додека истовремено се очекува и понатамошно стабилизирање на инфлаторните движења. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, истакна дека извршната власт останува цврсто посветена на мерките за заштита на животниот стандард преку откажување од дел од државните приходи од акцизите и даноците.

    Премиерот се осврна на светските берзански движења на нафтените деривати и објасни дека и покрај одредени флуктуации во цената на барелот, македонскиот пазар задржува поволни параметри благодарение на владините интервенции.

    Во врска со очекувањата за цените на горивата на пумпите, премиерот Мицкоски изјави:

    „Прерано е да зборува, денеска имаме мал скок, вчера цените за „Брентот“ се движеа 83-84 долари за барел, денеска повторно имаме нагорно придвижување, од 87, 88, но далеку под 100. Очекувам веќе в понеделник да имаме надолно нивелирање на цените на бензините и на дизелот. Важно е што како држава остануваме со најевтина цена на дизелот и на безоловниот бензин имајќи предвид дека ова се производи што се купуваат на берза, односно сите држави ги купуваат од исто место. Нема тука голема мудрост во делот кој е поголем или помал претприемач или поголем или помал државник, само што ние како Влада одлучуваме да се откажеме од голем дел од она што некои други држави не го направија, а тоа е акцизи, а се откажавме и од данокот на додадена вредност. Остануваме со таа политика и во периодот што следува очекувам повторно надолно нивелирање на цените – изјави Мицкоски.“

    Појаснувајќи ја стратегијата за непречено снабдување на пазарот и избегнување на рестрикциите за извоз кои ги воведоа други земји, премиерот нагласи дека државните политики биле насочени кон поддршка на граѓаните од регионот кои ги користат домашните капацитети.

    Во однос на инфлаторните движења и споредбата со кризните периоди, Мицкоски ја презентираше домашната економска состојба:

    „Лично правев анализа и ги споредував јуни 2026 со јуни 2022, тоа се две слични години затоа што тогаш (2022) почна војната во Украина, а сега е војната во Иран, во Заливот. Сите светски познавачи велат дека оваа војна има далеку подевастирачки последици за светската економија, особено повеќе како енергетска криза. Ако тогаш сме имале 14,7 проценти инфлација, сега е 3,4 проценти. Ако тогаш прехранбените производи биле над 15 проценти и биле главниот носител, сега тие се со 2,5 проценти. Јас очекувам дополнително стабилизање во јули – рече Мицкоски.“

    Прочитај повеќе

    Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните

    29.10.2026 во 19:16

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина

    29.10.2026 во 19:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.