Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ГАЛЕРИЈА) Митовски: Крива Паланка го добива новиот адреналински парк на Калин Камен
    • Стоилковиќ на отворањето на новиот Адреналински парк на Калин Камен: Значајна инвестиција за туризмот во Крива Паланка
    • Инцидент на Тетовскиот универзитет: Заканувачко писмо оставено во канцеларијата на деканот
    • „Внуката исчезна“ – загрижен дедо пријавил во СВР Битола
    • Јаневска: Подготвуваме препораки за здрава исхрана на учениците
    • Ѓорѓиевски во посета на Карпош: Дивата депонија се претвора во нов мега-парк од 86.000 квадрати
    • СДСМ: Левица не се појави во салата кога се гласаше за минимална плата од 600 евра
    • Сончево и топло до крајот на неделата – за викендот вистински пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски, Николоски и Муцунски на Самит во Лондон: Ќе се дефинираат приоритетите за регионалната интеграција

    Мицкоски, Николоски и Муцунски на Самит во Лондон: Ќе се дефинираат приоритетите за регионалната интеграција

    21.10.2025 во 09:001 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, што денеска и утре ќе се одржува во Лондон.

    Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски, заедно со вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани, ќе учествуваат на голем број состаноци.

    На маргините на самитот, а и во рамки на посетата на Обединетото Кралство, предвидени се и повеќе билатерални средби на претседателот на Владата.

    При посетата на Обединетото Кралство, владината делегација ќе оствари повеќе економски работни средби кои ќе претставуваат економски исчекор за меѓусебната соработка, стои во соопштението.

    На самитот во Лондон ќе бидат сумирани постигнатите резултати и ќе бидат дефинирани приоритетите за наредниот период во рамките на регионалната интеграција на Западен Балкан.

    Берлинскиот процес беше започнат во 2014 година на иницијатива на тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, со цел зајакнување на политичката, економската и инфраструктурната соработка на Западен Балкан и нивно приближување кон Европската Унија.

    Прочитај повеќе

    Инцидент на Тетовскиот универзитет: Заканувачко писмо оставено во канцеларијата на деканот

    07.10.2026 во 17:31

    „Внуката исчезна“ – загрижен дедо пријавил во СВР Битола

    07.10.2026 во 17:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.