Close Menu
    Најново

    Машиновозачите се договорија со Министерството: „Легнаа“ парите за ноември, но преговорите за коефициентите продолжуваат

    02.01.2026 во 14:50

    Возачи внимавајте: Слаб снег на Стража, Пресека и Ѓавато, но не се задржува на патот

    02.01.2026 во 14:13

    Дурмиши: Идната недела ќе знаеме дали трговците „девијантно“ ги кренале цените за празниците

    02.01.2026 во 13:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Машиновозачите се договорија со Министерството: „Легнаа“ парите за ноември, но преговорите за коефициентите продолжуваат
    • Возачи внимавајте: Слаб снег на Стража, Пресека и Ѓавато, но не се задржува на патот
    • Дурмиши: Идната недела ќе знаеме дали трговците „девијантно“ ги кренале цените за празниците
    • „Крај за пензиите од 10.000 денари“: Мицкоски најави вкупен раст од 7.000 денари до април
    • Пиротехниката зема данок: 11-годишно дете и тинејџер завршија на Ургентен во новогодишната ноќ
    • Детали за смртта на двегодишното дете
    • Мицкоски: Без квалитетни образование и наука не можеме да јакнеме како нација и држава
    • Уапсен во Косово убиецот од Скопската чаршија: 25-годишен Турчин го избодел Ахмет Мерт Доган четири пати во срцето
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски најави 70 нови проекти

    Мицкоски најави 70 нови проекти

    30.10.2025 во 20:32
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија’’ од пред платото на Филхармонија каде што истакна дека  следува период на реализација на 70 нови проекти во различни области како образование, здравство, земјоделие, култура, проекти кои ќе значат нова развојна фаза на Македонија.

    „Нашата задача не е едноставна. Не само заради ситуацијата која ја наследивме, туку таа е многу поголема. Нашата цел не е само политичка победа, туку обновување на вербата дека Македонија може и мора да биде подобра земја. И иако оди потешко од што мислевме, сепак основите ги поставивме. Не можевме веднаш да почнеме со екстремно позитивни резултати, моравме прво да ги направиме темели. Некои мислеа дека тоа ќе оди преку ноќ. Но, темел не се прави од муабет, туку од пот и многу поминати часови на средби, планирања, анализи, патувања, размена на мислења и одлуки.И токму затоа денес можам да кажам: темелот е поставен. Сега по изборите, почнува буквално фаза на жестока работа  и големи резултати. Во наредниот период ќе почнеме со повеќе од 70 нови проекти, во инфраструктура, енергетика, здравство, образование, земјоделие, култура, технологија, правда и други области. Ќе има конкретни чекори: нови училишта, модерни болници, мерки за чист воздух, дигитална администрација и инвестиции што ќе треба да донесат достоинствени плати,“ истакна Мицкоски.

    Мицкоски најави серија конкретни мерки кои ќе го подобрат животот на луѓето, ќе ја зацврстат економијата и ќе донесат подобро во секој дом.

    „Во наредниот период, покрај проектите што ги најавивме, започнуваме со серија на конкретни мерки, кои ќе го подобрат животот на луѓето, ќе ја зацврстат економијата и ќе донесат подобро во секој дом. Овие мерки не се само лист хартија, туку планови што ќе го променат животот на луѓето. Да, животот е скап. Да, секој ден е борба со сметки, со гориво, со кирија. Но нема да чекаме да се намалат цените сами од себе. Ќе создадеме услови, за повеќе пари во џебот, за поевтино живеење, за повеќе можности. Мора да ја направиме државата сојузник на граѓаните, а не непријателски систем кој е трул и ги предизвикува да се иселуваат. Ниту еден млад човек нема да биде оставен без шанса за дом. Ниту една мајка нема да мора да избере меѓу кариера и семејство. Ниту еден бизнис нема да пропадне затоа што државата му стои на пат. Тоа е вистинската промена. Ова не е фантазија, ова е план. И како што рекол Ајзенхауер: „Планот е ништо, но планирањето е сè.“ Затоа ќе го градиме системот што во иднина ќе функционира без оглед на тоа кој е на власт, долгорочно и со коренити промени, затоа што државата не е ничија приватна фирма, туку наш заеднички дом,“ нагласи Мицкоски.

    Популарно

    Детали за смртта на двегодишното дете

    02.01.2026 во 13:06

    „Крај за пензиите од 10.000 денари“: Мицкоски најави вкупен раст од 7.000 денари до април

    02.01.2026 во 13:48

    Обвинение за трагедијата на „Гоце Делчев“: Најмалку 4 години затвор му се заканува на возачот кој го прегази велосипедистот Јорго

    02.01.2026 во 09:57

    „Знаеме како боли празното столче“: Потресно писмо од семејствата на загинатите во Кочани до Швајцарија

    02.01.2026 во 10:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.