Close Menu
Press24
    Најново

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот

    17.10.2026 во 14:31

    Од полноќ не чека ново но мало поскапување на дизелот

    19.10.2026 во 10:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инспекторите повторно ги тресат зелените пазари
    • Ловци спасија мечка во близина на Нежилово: Животното успешно ослободено по координација на надлежните служби
    • Трајков се сретна со полскиот амбасадор: Фокус на разговорите – реформската агенда
    • Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ ги објави резултатите од болните лица пред да се отворат кутиите, бараме одговорност
    • Ковачки: СДС, ДУИ и Левица заедно освоија помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ
    • Мицкоски: Убедливо победивме во Брвеница – ќе имаме уште 1.000 гласа плус во вториот круг
    • Трагедија во Грција: Глисер со мигранти се судри со крајбрежната стража, меѓу загинатите има и бебе
    • Мицкоски: Можно е да договориме 2 денари поевтин дизел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски и Николоски во среда ќе се возат со градскиот воз

    Мицкоски и Николоски во среда ќе се возат со градскиот воз

    31.08.2026 во 20:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од 1 септември официјално почнува со работа првата линија од проектот „Градски воз“, која ќе сообраќа од Зелениково до Нова железничка станица Скопје. Официјалната промоција е закажана за 2 септември во 11 часот.

    Првата линија ќе сообраќа на релацијата Зелениково – Ново Зелениково – Орешани – Јане Сандански – Драчево – Лисиче – Нова железничка станица Скопје.

    За потребите на проектот, Железници Инфраструктура извршила целосна реконструкција на пругата со цел да се зголемат брзината и капацитетот на оваа релација. Сообраќајот ќе се реализира со три возови според утврден возен ред на МЖ Транспорт.

    На официјалната промоција во среда се очекува да присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорите на МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт, како и градоначалниците на Скопје, Зелениково, Кисела Вода и Аеродром.

    Предвидено е тие да патуваат со воз од железничката станица Зелениково до Нова железничка станица Скопје.

    Од Министерството за транспорт велат дека целта на проектот е подобро поврзување на приградските населби со центарот на Скопје и поефикасен јавен превоз. Предвидена е и интеграција со возниот ред на ЈСП.

    Во тек е и проектирањето на втората и третата линија. Едната треба да води од Нова железничка станица преку Бутел и Скопје-Север до Ѓорче Петров, а другата преку Автокоманда и Маџари до Илинден.

    Прочитај повеќе

    Есенска акција во Центар: Се сузбиваат глодарите на целата територија на општината

    19.10.2026 во 10:37

    Анализите завршени – Пиеме ли безбедна вода во Скопје?

    19.10.2026 во 09:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.