Мицкоски: Ги разбирам протестите, но не ги оправдувам политичките профитери

 


Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека има разбирање за оние кои решиле преку демократската алатка како што е протестот да го изразат својот гнев, но не ги оправда, како што рече, политичките глодари и лешинари кои сакаат да добијат почитички поени.

„Протестите се демократска алатка на изразување незадовослтво, и јас сум нервозен сите сме незадоволни од се што се случува. Работите ги решаваме. Многу работи изминатите 9 месеци се решија, за многу од нив бевме браник да не дозволиме да продолжи понижувањето, разграбувањето, националното уништување на Македонија и тоа за политичките глодари е проблем, па гледаат преку овие протести да добијат политички поен“, рече премиерот.

Мицкоски се придружува кон изразувањето незадовсолтво и гнев. Вели дека уште многу работи останале пред нив да ги решат, но ќе се борат до последен атом енергија да поправат нешто за идните генерации.

„Поразивме неколку мафијашки здруженија, ќе продолжиме и во периодот што следи. Посакувам да останеме сите фокусирани и обединети во решавањето на проблемите“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско праашање за најавените собири по пожарот во импровизираната дискотека во Кочани, каде животот го загубија 59 млади луѓе.

24.03.2025 - 13:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега