Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВЛЕН: Албанските културни институции се зајакнуваат – најавени нови вработувања во Тетово и Скопје
    • Битола гради „паметен“ водоводен систем: Со швајцарска поддршка, ЈКП „Водовод“ оди кон целосна дигитализација
    • Винскиот Фестивал во Битола – Тридневна забава со врвна музика и урбано дружење пред Офицерскиот дом
    • „Зелено светло“ за граничниот премин „Клепало“ – Бугарските институции ја одобрија изградбата
    • Утрово измерени -4 степени, делови од Македонија се разбудија со минусни температури
    • Патувањето за Грција скапо ќе ве чини – не тргнувајте на пат доколку не сте подготвени за новите правила
    • СДСМ: Условите за укинување на техничката влада не се создадени – враќање на „режимот“ од 2016 година
    • Ќе нема струја 11 часа – ЕВН најави исклучувања во неколку делови од СКОПЈЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: ФЗО е претворен во стабилна и модерна институција, обезбеден е историски буџет од 53 милијарди денари

    Мицкоски: ФЗО е претворен во стабилна и модерна институција, обезбеден е историски буџет од 53 милијарди денари

    14.11.2025 во 12:454 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска се обрати на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), истакнувајќи дека институцијата го вратила својот кредибилитет и интегритет.

    Чест и привилегија е да се обратам денес, на одбележувањето на 25 годишниот јубилеј на институцијата која е носечки столб на нашето јавно здравство – ФЗО. ФЗО е институција која не е само администратор на фондови, туку партнер, градител, чувар на стабилноста и двигател на реформите, рече Мицкоски.

    „Но мора да бидеме искрени, оваа институција во минатото имаше сериозно разнишан кредибилитет. Граѓаните гледаа директори со пари, непресметани расходи, нетранспарентни одлуки и систем кој повеќе личеше на поле за лични привилегии отколку на сервис на граѓаните. Тоа создаде недоверба, сомнеж и разочарување. Но денес тоа не е случај. Денес ФЗО функционира со јасни правила, силни механизми на контрола, со транспарентно управување и со ревидирани процедури. Денес ФЗО е институција која го врати својот интегритет на единствениот начин на кој тоа е можно – со работа, со ред, со дисциплина и со јасна одговорност. И морам да кажам дека Сашо Клековски заврши одлична работа.

    Кога ја презедовме одговорноста за државата, затекнавме здравствен систем во целосна деградација: со дефицит на кадар, со нефункционални установи, недоволна опрема, долги листи на чекање и сериозно нарушена доверба кај пациентите. Наместо тоа да биде изговор, ние го претворивме во мотив. Во изминатата година и половина Владата на Република Македонија покажа што значи вистинска посветеност кон јавното здравство. Од првиот ден тргнавме со јасна цел: да го обновиме, модернизираме и хуманизираме здравствениот систем, нагласи Мицкоски.

    Мицксоки посочи дека во инфраструктурата започнавме нов бран инвестиции: од новата амбуланта во Петровец, до реконструкцијата и модернизацијата на операционите сали во ГОБ „8 Септември“, како и низа реконструкции и технолошки обнови во болници низ државата. Ова не се само градби – ова се домови на здравјето, места каде секој граѓанин има право на достоинствен и современ третман.

    „Но објектите без здравствени работници се само празни објекти. Затоа ја водиме најсилната кадровска политика во последната деценија. Во изминатиот период 1.500 договорци добија можност да преминат на сигурни работни места. Имаме 600 нови специјализанти, од кои 300 веќе се вработени. И потпишавме долгорочен договор за раст на платите во јавното здравство секоја година до 2028 година. Ова не е трошок – ова е инвестиција во срцето на здравството, во луѓето.

    Дополнително, Владата обезбеди историски најголем буџет за ФЗО до сега – 53 милијарди денари. Тоа овозможи 33% зголемување на капитацијата за општите лекари и гинеколозите, 23% зголемување за стоматолозите, 17% кумулативен раст на платите во јавното здравство од кои 9.5% е реален раст, и 107% зголемување на условениот надоместок за нови иновативни лекови. Ова не се бројки на хартија. Ова се бројки што ја менуваат реалноста на пациентите, на здравствените работници и на целиот систем.

    Дел од нашата визија за модерно здравство е и бескомпромисната борба со криминалот и корупцијата. За првпат видовме обвиненија за тешки злоупотреби во онкологијата – области кои со години остануваа недопрени. Се истражува секоја злоупотреба, без исклучок, а ниту една установа или позиција не е заштитена ако ја нарушила довербата на пациентите. Таму каде што се работи за човечки животи – мора да има правда“, рече Мицкоски.

    Мицкоски потенцираше дека денес, 25 години по основањето на Фондот за здравствено осигурување, гледаме институција што влегува во нова фаза. Веќе се подготвуваат нови проекти, нови објекти и нови стандарди кои ќе го кренат здравството на европско ниво. Ова не е крај, ова е почеток на ново поглавје.

    „Ви честитам за овој јубилеј. Ви благодарам за трудот, за посветеноста, за сите тивки херојства кои не се гледаат, но секојдневно ги чувствуваме. Да продолжиме заедно – со истата вера, истата дисциплина и истата цел, да изградиме здрав, стабилен и современ систем кој ќе го штити секој наш граѓанин.“, нагласи Мицкоски.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.