Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци злоупотребувајќи го случајот со Михаилова
    • (ВИДЕО) Градоначалникот на Скопје на ручек со вработените: Вие сте тивките херои кои го градат нашиот град
    • Пренџов: Не нè блокираше ЕУ, туку Влада што го испрати Османи да потпише протоколи во Софија
    • Николоски: Изградбата на брзата пруга на терен започнува на пролет
    • ВМРО-ДПМНЕ: Најостро реагираме на нечовечките и надвор од здравиот разум навреди на Венко Филипче
    • Апсење на Блаце: Фатен жител на скопско баран по потерници, осуден на 16 години затвор
    • Николоски: Првите електрични еколошки автобуси ќе пристигнат јануари следната година
    • Николоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика, за првпат се градат шест автопати истовремено
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци злоупотребувајќи го случајот со Михаилова

    Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци злоупотребувајќи го случајот со Михаилова

    15.10.2026 во 22:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на владата Христијан Мицкоски, во интервју за „Клик плус“ на ТВ21, говорејќи за случајот со Ива Михаилова и нејзиниот татко, истакна дека Бугарија може да стане прибежиште за криминалци кои ќе го злоупотребуваат овој случај, односно Бугарија може да стане алиби за осудени криминалци кои би ваделе бугарски пасоши за да најдат таму прибежиште.

    Премиерот Мицкоски додаде дека Михаилова нелегално ја поминала границата и дека нема никаква вистина во тоа што го кажуваше нејзиниот адвокат, МВР го истражува случајот и за брзо ќе се дојде до одговорите, но тоа што загрижува е координираната акција на македонската опозиција и бугарски медиуми со цел да ѝ наштетат на Владата.

    -Тие создаваат иста теза, ако забележите, медиумите кои се провладини кај нив и нашата македонска опозиција што имаат заедничко? Заедничка е тезата дека ова било договорено. Добро, еве ако е договорено, сега има меѓународна потерница, ве молам испорачајте ги. Бидејќи имаме меѓународна потерница. Ако не ги испорачаат, тоа значи дека нивната теза не е вистина. Тоа значи дека таа на нелегален начин е однесена во Бугарија, изјави премиерот Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски посочи дека за овој случај ќе се разговара со меѓународните партнери, затоа што наш партнер од НАТО станува прибежиште на криминалци и може да стане и алиби на останатите криминалци кои нелегално ќе избегаат таму барајќи прибежиште.

    -Ние разговаравме со нашите меѓународни партнери, ова ќе биде покренато и на состаноците со НАТО-алијансата, бидејќи наш партнер во НАТО денеска е прибежиште на осудени криминалци и ние очекуваме во најскоро време тие да бидат испорачани на правдата. Исто така, ова ќе биде покренато и кај нашите партнери во Европската Унија. Не би сакал осуден криминалец да биде причина за неспроведување на правдата, не би сакал да верувам дека моменталното политичко водство кај нашиот источен сосед ќе биде алиби за осудени криминалци од државата да вадат бугарски пасоши и преку илегални премини да бегаат и да бараат прибежиште таму, нагласи Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски потенцира дека има политички сили кои очекуваа емотивна реакција од наша страна, но тоа не се случува, напротив, ние реагираме надвор од нивните очекувања, ги повикуваме да седнеме на маса да најдеме решение за проблемите, додека Ива и нејзиниот татко кога-тогаш ќе одговараат.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Градоначалникот на Скопје на ручек со вработените: Вие сте тивките херои кои го градат нашиот град

    15.10.2026 во 22:10

    Пренџов: Не нè блокираше ЕУ, туку Влада што го испрати Османи да потпише протоколи во Софија

    15.10.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.