Мицкоски: Ако утре има избори ние ќе освоиме 450.000 гласа а СДСМ под 125.000

Ако има избори, ние би отишле на 450.000, а СДСМ би паднал под 125.000 гласови, тврди премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за „Фокус“.

Тој објаснува дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ е во континуиран раст, врз основа на бројките од анкетите што редовно се прават.

– Барем еднаш неделно испитуваме атрибути што ни се важни. Емпириката во политиката е многу важна, за да знаете дали тоа што го работите го работите вистински или не. Нас нѐ плаќаат граѓаните и нивното мислење ни е најважно. Врз основа на тие анкети и бројки, ние имаме пораст. Доколку сега би се случиле повторно избори, не би се изненадил како коалиција со број од 450.000 гласови. Значи, од оние 437.000, не би се изненадил ако би отишле на 450.000. Мислам дека СДСМ, врз основа на овие параметри, би бил под 125.000 гласови, а Левица и ЗНАМ би биле тука некаде плус-минус 3 до 5.000 гласови. А, во албанскиот блок би била изедначена трката, по стотина – 110.000 гласови би добиле ДУИ и Вреди – изјави премиерот.

05.08.2024 - 10:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега