Мицевски: Работната група на ВМРО-ДПМНЕ ќе дава предлози во насока на заштита на идентитетот, јазикот и отргнувањето од бугарските мегаломански барања

 

Ќе се формираат работни групи меѓу политички партии кои ќе работат на предлог-забелешките кои се проблематични во целиот текст. Утре се очекува да биде првата работна средба, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Ова, како што рече, доаѓа по повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за да се разговара за измени кои што ќе го подобрат предлогот и ќе се вметнат одредени забелешки во однос на се она што е на штета на државата и националните интереси.

Мицевски напомена дека предлогот е во тие работни групи меѓу политичките партии да бидат по двајца претставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса и уште еден од помалите парламентарни политички партии.

Како што додаде, првата средба се очекува да биде утре, а времето и местото се’уште не се дефинитивно договорени. Персоналниот состав на овие работни групи дополнително во текот на денот ќе биде одобрен.

-Претседателот Мицкоски во изјавата претходно ги кажа четирите забелешки кои што ги има. Она што можам да кажам е дека работната група на ВМРО-ДПМНЕ и предлозите кои што ќе ги дава на таа работна средба ќе бидат во насока на заштита на идентитетот, јазикот и отргнувањето од бугарските мегаломански барања поврзани со ревидирање на историјата, изјави Мицевски. 

 

05.07.2022 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега