Методи Хаџи Јанев: Војната во Украина е војна против демократијата

Украина е само увертира која ќе следи. Поблага варијанта е дека Путин ќе сака да се задржи на ревизионизмот за кој говори, влијанието на поранешниот Советски сојуз. Но, екстремната варијанта е многу лоша и се надевам погубна за Путин како и за секој автократ. Вака професорот по безбедност, Методи Хаџи Јанев ја анализира позадината за воената интервенција на Русија во Украина, во интервју за Прес24. Без разлика на се, војната во Украина е војна против демократијата, потенцијара Хаџи Јанев.

-Таа е опасна оти е базична-егзистенционална за двете страни. Ако ескалира може да избрише една цела империја (Западната условно кажано или онаа во подем Руската). Ако падне Украина, голема е веројатноста дека Балтикот, Романија, Полска, Бугарија Молдавија (повеќе или помалку бидејќи е речиси готова и про-руска) ќе бидат под силен притисок, вели професорот Методи Хаџи Јанев во интервјуто за Прес24.

Тој смета дека оваа руска интервенција сепак го обедини западниот свет, ред се НАТО и Европската Унија.

-НАТО напротив се разбуди. Ако сметате сериозен одговор да ја брани со сила Украина, внимавајте дека ќе треба да ги погази принципите и со тоа да се делегитимира. Засега се во комфорот зона, во која демократијата има заеднички непријател и она што на Еворпјаните најмногу им одговара дека конфликтот е таму далеку од нас/нив. Тоа дека тропа на вратите најдобро го демонстрираше Германија. Факт е дека ултра либералните елити го заспаа НАТО, но факт е дека Путин со Украина го разбуди и го обедини, вели Хаџи Јанев, анализирајќи ја улогата на НАТО во оваа криза.

-Времето засега работи за Украина. Путин, ја загуби иницијативата во информациската војна барем во Европа. Тој е во стратешка пауза, и засега етички дава шанса на преговорите. Сметам дека е премногу рано да збориме за успех или неуспех, но од првите денови барем од она што го гледаме Украинците се подготвени да си го бранат тоа што е нивно. Што ќе значи воената помош, треба да видиме, вели Професорот Методи Хаџи Јанев во интервјуто за Прес24.

 

ПРЕС24: Ретко кој очекуваше дека ќе се случи напад на Украина. Предупредувањата од САД и Британија беа пречекувани со потсмев, но се случи. Дали ова е најопасниот воен конфликт за Европа по Втората Светска Војна?

ХАЏИ ЈАНЕВ: Во однос на изненадувањата, морам да признам дека ми се случи и мене. Маестрална илузија за волја на вистината не за убаво. Сепак, оние кои ревносно го познаваат Путин не промашиле. Инвазија се случи. Во однос на димензијата на конфликтот би бил воздржан, бидејќи ова во Украина засега е далеку од она во поранешна Југославија. Но, засега е рано и сме на почеток. Потенцијалот за овој конфликт да ескалира е многу голем.

ПРЕС24: Она што загрижува се последните охрабрувачки закани од Кремаљ кон Шведска и Финска. Иако изјавата е од портпарол на МНР, сепак зборовите „ Да не помислуваат за влез во НАТО“ е поприлично опасна најава?

ХАЏИ ЈАНЕВ: Тоа е реторика, за да се демонстрира решеност, но и да се предупреди дека ќе има последици. Од оперативен аспект е битно, за да не се случат изненадувања кои би ја поместиле сликата што била зацртана и калкулирана. Оттука и предупредувањето бидејќи според реториката и однесувањето тоа и се случува. Со заземањето на страна Шведска и Финска се потенцијални непријатели на Русија, условно ако работите излезат од контрола.

ПРЕС24: И не е само Шведска и Финска. Тука се Грузија, Молдавија, Балтичките земји. Дел од нив се членки на НАТО, но дел не се. Многу европски и светски аналитилчари сметаат дека целта на Путин е многу поголема од правата на Русите во Источна Украина?

ХАЏИ ЈАНЕВ: Апсолутно. Украина е само увертира која ќе следи. Поблага варијанта е дека Путин ќе сака да се задржи на ревизионизмот за кој говори, влијанието на поранешниот Советски сојуз. Но, екстремната варијанта е многу лоша и се надевам погубна за Путин како и за секој автократ. Без разлика на се, војната во Украина е војна против демократијата. Таа е опасна оти е базична- егзистенционална за двете страни. Ако ескалира може да избрише една цела империја (Западната условно кажано или онаа во подем Руската). Ако падне Украина, голема е веројатноста дека Балтикот, Романија, Полска, Бугарија Молдавија (повеќе или помалку бидејќи е речиси готова и про-руска) ќе бидат под силен притисок. Ако таквата слика ја ставите во дополнително позиционирање на локалните -регионално замрзнати конфликти сликата е сосема поинаква.

ПРЕС24: НАТО засега не нуди некој сериозен одговор. Првиот Самит заврши со најава за распоредување сили во Источна Европа, но со констатација дека ќе реагира ако биде загрозена територијата на НАТО. Што друго може да се очекува?

ХАЏИ ЈАНЕВ: Па мислам дека не се согласувам до крај тука. НАТО напротив се разбуди. Ако сметате сериозен одговор да ја брани со сила Украина, внимавајте дека ќе треба да ги погази принципите и со тоа да се делегитимира. Засега се во комфорот зона, во која демократијата има заеднички непријател и она што на Еворпјаните најмногу им одговара дека конфликтот е таму далеку од нас/нив. Тоа дека тропа на вратите најдобро го демонстрираше Германија. Факт е дека ултра либералните елити го заспаа НАТО, но факт е дека Путин со Украина го разбуди и го обедини. Како тоа понатаму ќе се манифестира ќе остане да видиме, но засега НАТО прати сигнал дека е сериозно во намерите кон Русија. Одговор за тоа можеби е одлуката на Путин да се повика на нуклеарниот арсенал како адут за одвраќање од натамошна акција на НАТО – не дај боже (за Русија) да сака да влезе во западниот дел на пример и да постави линија на разграничување со седиште во Лавов. Тоа, како најекстремна варијанта во пред военото распоредување е секако чекор кој води кон тотален конфликт кој никој не го сака и тоа е добро ако остане така!

ПРЕС24: Единствен механизам засега на Западот се снакциите. Можат ли тие да дадат резултат и вропчем каков резултат, ако Русија ја заврши окупацијата на делови од Украина во следните неклку дена?

ХАЏИ ЈАНЕВ: Санкциите имаат подалекусежна цел. Тие имаат за цел да го ослабнат изворот за останатите инструменти на моќ-дезинофрмациите и употребата на сила. Дезинформациите директно преку кршење на моралот, а индиректно пак на моралот да се борите во услови на оскудно ресурси. Тоа, каскадно како следна цел е фактор кој ќе влијае (после одвраќањето, ако овој механизам успее да го вклешти Путин и да го принуди), на следниот пристап во санкционирање на Русија. Прашањето е дали тие ќе го дадат плодот кој се предвидува дека ќе го дадат. Следно проблемите на Русија во оваа насока ќе настанат по окупирањето ако реши да администрира. Историски, барем в поновата историја сите империи имаат лош скор во таа намера. Видете како заврши обидот во Виетнам, па во Авганистан на Русите, па на коалицијата предводена од САД во Авганистан и Ирак. Економијата тука е клучна. Проблем ќе биде дури и ако Путин навистина има ограничена цел да инсталира квислиншка влада иако тогаш ќе има поинаква географија и распоред на сили. Во секој случај санкциите може да бидат многу кобни за руското население, не за Путин лилно.

ПРЕС24: Има ли моќ Украина да се одбрани, или пак тактиката е да се оди на подоцнежен отпор?

ХАЏИ ЈАНЕВ: Секој народ порано или подоцна го турка непријателот. Земете го Авганистан. Талибаните се далеку послаб противник од украниските вооружени сили. Зад Талибаните не стоеше никој сем идеологијата-во смисла на државен субјект и систем. Зад Украина стои сериозен систем на држави кои имаат капацитет и моќ кој гледано во кумулативна смисла далеку е над Руската моќ, во апсолутни бројки. Украина воено ако тргнат работите на лошо има неспоредлива моќ со Русија која е хегемон во случајот. Но, Украина има еден фактор кој е многу битен. Тој фактор е волјата на народот. Во таа насока, ако Украинското население успее да се обедини и да ги надмине разочараноста од корупцијата, организираниот криминал и лошото водство, може и да направи премостување на идентитетските прашања. Знаете како е лошите времиња може да ве дотолчат, но и да ве направат посилен. Едно е јасно, времето засега работи за Украина. Путин, ја загуби иницијативата во информациската војна барем во Европа. Тој е во стратешка пауза, и засега етички дава шанса на преговорите. Сметам дека е премногу рано да збориме за успех или неуспех, но од првите денови барем од она што го гледаме Украинците се подготвени да си го бранат тоа што е нивно. Што ќе значи воената помош, треба да видиме. Едно е да ветите да дадете друго е навистина да дадете. Трето е тоа што ќе го дадете да биде корисно. Конечно, откако ќе го дадете тоа корисното, како ќе биде искористено-внимавајте техниката и луѓето мора да се спојат за да имаат ефект. Не сите граѓани кои се на бедемот на одбраната се вични во управување со системи на вооружување и оружје. За тоа треба време кое може да е пресудно.

Друга работа е ако доктрината на Путин е прелеана преку тактика на опкружување и изолација што е меч со две острици. Прво може да вроди плод (и во смисла на легитимитет дека не сака да убива), но со информациска кампања и да се сврти дека со тоа убива. Внимавајте линијата на фронтот е слеана со цивилното население. Оттука хуманитарната помош е хуманитарна помош за борбените строеви. Тоа е битно дури и под претпоставка дека нема да има манипулација на хуманитарната помош со вооружувањето. Ако е тоа така, сега во склад со меѓународното воено право, логистиката на непријателот е легитимна цел. Тоа, сепак преведено во пракса може да значи дека ќе ја загубите поддршката на меѓународен план, но и дома.

ПРЕС24: Некои најави и проценки се дека Путин нема да запре и дека сверите на влијание ќе ги шири и кон Балканот. Претседателот Пендаровски ја спомна Босна, Република Српска. Колку се реални таквите изгледи?

ХАЏИ ЈАНЕВ: Многу. Иако мислам дека иницијално, Босна е помалку во опасност. Поопасна варијаната е ако Србија тргне на северот од Косово! Внимавјте кај дел од западната еминенција тлее идејата дека тоа може ќе е и најдобро иако јавно не кажуваат. Логиката им е дека на тој начин Србија би можела и да се согласи со тоа остатокот од Косово да добие каков таков официјален статус дури најоптимистички да го признае Косово. Несакам ни да помислам на последиците. Да се надеваме дека до тоа нема да дојде и дека регионалните хегемони сепак нема да се дрзнат на вакви чекори.

ПРЕС24: Сепак, Србија и Вучиќ во моментов се единствената држава во Европа која одби да се приклучи кон санкциите. Брисел е поприлично јасен дека санкции ќе има и за оние кои енономски ќе овозможат помош на Русија. Влезе ли Србија во нов турбулентен период?

ХАЏИ ЈАНЕВ: Па, мене тоа ме плаши. Нивната доктрина која многумина ја заборавија заради Ковидот е дека ќе ги бранат српските интереси или население секаде каде тоа е потребно. Молскавично документот го снема од јавноста бидејќи го класифицираа. Условно воениот билд-ап и демонстрацијата преку парадите и вежбите кажува дека се најсилнио во регионот без дилема. Во исто време таму се избори па можеби ќе има повеќе реторика а помалку дела. Делата се очекува да излезат на виделина потоа кога Вучиќ најверојатно ќе победи. Да се надеваме дека ваквите екстремни прогнози се само прогноза.

ПРЕС24: Какви можат да бидат рефлексиите врз останатите земји од Балканот. Пред се Македонија?

ХАЏИ ЈАНЕВ: Катастрофални! Или да бидеме паметни како нација каде сите етникуми ќе кажат не на насилаството!

ПРЕС24: Може ли состојбата со Украина да биде сигнал за Брисел да го промени одност кон земјите од регионот аспиранти за члеснство во Европската Унија, во конкекст за забрзување на  тој процес како стратешки интерес и за земјите, но и за Европа?

ХАЏИ ЈАНЕВ: Мислам дека тоа е илузија. Процесот на интеграција сепак се уште е движен од други парамтери кои не се допрени. Но, ако и само ако состојбата ексалира можно е заради некаков сојуз да се направат напори иако не гледам како тоа ќе помогне во контекст на кризата. Што ако се запре се заради кризата, како ќе преговарате. Внимавајте комплексен е тој механизам за да се апсолвира толку бргу. Сепак, наше е да се надеваме и да се согласиме дека се е можно. Кој ќе речеше пред три месеца дека ќе го заборавиме Ковидот толку бргу?

01.03.2022 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега