Менито на најздравите луѓе на светот: Многу физичка работа, добар сон и оваа храна
На север од Пакистан, во планинската долина Хунза и регионот Гилгит-Балтистан, луѓето живеат до 120 или 130 години. Некои од нив го прославија и својот 145-ти роденден пред да заминат од овој свет. Точниот број на години е тешко да се утврди затоа што Хунзите немаат изводи или докази за да го потврдат својот роденден.
Како изгледа менито на најздравите луѓе во светот?
Во другите делови од Пакистан, луѓето живеат до 67 години, но во изолираните пустини на Хималаите, владеат сосема различни закони за живот и смрт. Истражувачите забележале дека жените можат да забременат многу доцна, во шеесеттите години и подоцна, а исто така се верува и дека не страдаат од рак.
Хунзите пијат вода од глечерите, сами одгледуваат храна и бидејќи се отсечени од околните градови, тие не јадат ништо преработено. Кајсиите често се наоѓаат на нивното мени, а за време на постот со денови, па дури и месеци, тие не јадат ништо друго освен свеж сок и семки од овошје. Нивното месо не е на менито секој ден, туку доминираат житарки и зеленчук. Тие вежбаат јога, вежби за дишење и медитација.
Нивното потекло е обвиткано со мистерија. Нивната кожа е посветла од онаа на сите соседни народи, а нивниот јазик (Бурушаски) е повеќе сличен на баскискиот отколку на кој било друг кој ги опкружува. Се шпекулира дека тие се потомци на војниците на Александар Македонски кои не можеле да продолжат да го следат, па решиле да останат на Хималаите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа