Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Меморандум за соработка меѓу македонското и португалското јавно обвинителство

    Меморандум за соработка меѓу македонското и португалското јавно обвинителство

    01.06.2026 во 20:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавното обвинителство на Република Македонија и Канцеларијата на генералниот обвинител на Република Португалија потпишаа Меморандум за соработка во повеќе клучни области од заеднички интерес.

    – Меморандумот во Лисабон го потпиша генералниот обвинител на Република Португалија, Амадеу Гера, додека од македонска страна во Скопје, свој потпис стави јавниот обвинител на Република Македонија, Ненад Савески. Денеска, при посетата на заменик-генералниот обвинител на Португалија, Пауло Жорже Виеира Моргадо де Карвајо во земјава, беше извршена свечена размена на двата документи на која присуствуваше и министерот за правда Игор Филков, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Македонија.

    Како што се додава, со документот се предвидуваат студиски и работни посети помеѓу обвинителствата од двете земји, директно споделување на искуствата и добрите практики во однос на организацијата, управувањето со човечки ресурси и дигиталните технологии, заеднички програми за обуки, семинари, конференции и работилници за обвинителите во специфични области, како и размена на технички информации, експертиза и оперативно искуство меѓу специјализираните обвинителски единици.

    Како приоритетни области на меѓусебната соработка биле наведени борбата против организираниот криминал, корупцијата, компјутерскиот криминал, трговијата со луѓе, трговијата со дрога, перењето пари, како и размената на искуства во градењето на институционалните капацитети.

    – Меморандумот за соработка ќе ни помогне да добиеме увид во исклучително важното искуство на една земја-членка на Европската Унија во сите овие области, потенцирал Савески, кој со Де Карвајо разговарал подетално околу начинот на организација, предизвиците и најчестите облици на криминалитет со што се соочуваат јавните обвинителства во двете земји.

    Де Карвајо и советникот на генералниот обвинител на Португалија, Дејвид Алешандрину Пауло Албукерки е Агилар се во дводневна посета на Скопје, во рамките на која утре ќе учествуваат на конференцијата „Од стратегија до пракса: јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“, организирана со целосна поддршка на проектот „EU support for rule of law“.

    – Со експертска помош на овој проект е изготвена и нова комуникациска стратегија на Јавното обвинителство, а минатата година беше организирана и студиска посета на јавни обвинители, членови на Советот на јавните обвинители и на претставници на Академијата за судии и јавни обвинители во Лисабон,  се додава во соопштението. 

    Прочитај повеќе

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.