„Во 2020-та година, Владата беше на стаклени нозе, па опстои до крај. Имаше само 62 пратеника и тоа со мене и Мерита Коџаџику, кои бевме незадоволни цело време. Ако тоа било стабилно, а сега со двотретинско мнозинство, скоро 80 пратеника, тој факт не држи“.

Вака Изет Меџити одговара на прашањето на КУРИР, за коментар за обвинувањатаод страна на опозицијата дека владината коалиција не е стабилна.

-Ова мнозинство е меѓу најбројните од 90-тите години до сега што имало некоја Влада. Тоа што се обидуваше АКИ или ДУИ дека овие локални избори ќе бидат битка за легитимитет во албанскиот кампус, и тука ја изгубија битката. Ние тоа го прифативме и сега веќе не можат да го лажат членството дека ќе се вратат за два месеци, за шест месеци, па ако победат на локалните избори дека ќе предизвикаат предвремени избори. Сето тоа е минато, падна, не држи ништо од тоа. Владата влегува во мирни води, што е добро. Ќе имаме време да се посветиме на програмата, на ветувањата, на проектите, а не на ваква дневна политика и секојдневни сплетки, посочи Меџити.

Exit mobile version