Масакр во мексикански бар: Најмалку 10 убиени

 


Најмалку 10 лица се убиени откако вооружени напаѓачи влегле во бар во централно Мексико, соопштија локалните власти.

Четири лица со оружје во барот Лос Кантаритос, во градот Керетаро, отвориле оган врз оние што биле внатре, изјави на социјалните мрежи Хуан Луис Феруска, шеф на локалната служба за јавна безбедност.

Седум мажи и три жени се загинати, а најмалку седум лица се повредени, рече Феруска.

 

Еден од осомничените е уапсен, а возилото со кое патувале било пронајдено изгорено и оставено во близина.

Во престрелка меѓу ривалските картели на крајот на минатиот месец во Мексико загинаа 16 лица.

САД го притискаат Мексико да ги засили своите напори за справување со насилството, како и протокот на шверцувана дрога и оружје.

10.11.2024 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега