Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Започнува зимското сметање на времето: Ноќеска се враќаат стрелките на часовникот
    • МОН со објаснување за проблемот во „Стив Наумов“: Изолирани ситуации кои се санираат, но дел се и од несоодветно користење
    • Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен
    • (ВИДЕО) Mицкоски: Небото свети Македонија
    • Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство
    • Променливо облачно време со сончеви периоди, од недела повремени локални врнежи од дожд
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Марков: ВМРО-ДПМНЕ вложува во иднината и развојот на младите со континуирани инвестиции во образовниот сектор

    Марков: ВМРО-ДПМНЕ вложува во иднината и развојот на младите со континуирани инвестиции во образовниот сектор

    03.04.2026 во 19:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков, кој истакна дека вклученоста на младите во политиката е клучна за да можат да го обликуваат општеството како што тие го гледаат и да ги направат промените кои што тие сакаат да ги видат, директно со вклучување во политичките процеси.

    „Ние гледаме 2 типа на младински активизам и тоа преку партиски подмладоци и невладин сектор во кој луѓето би требало да се ангажираат. Постои јавен дискурс, наратив кој што неодговорни партии, политичари се обидуваат да го наметнат и да внесат апатија кај младите луѓе, дека процесите и одлуките не зависат од нив што е многу лош пристап. Можам да кажам дека интеракциите, врските и дисциплина која се стекнува низ тој активизам, кога се вклучувате во тие текови се буди креативноста  и таа стекната вештина подоцна користи многу во процесот на напредување низ професионална и политичка кариера. Една порака до младите луѓе, на нас ни треба масовно вклучување на младите во процесите, со нивниот темперамент и знаења имаат капацитет да предизвикаат сериозна промена во размислувањето кај луѓето коишто ги носат одлуките“, рече Марков.

    Марков во однос на младинските политики посочи дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува мерки во областа на образованието, со цел олеснување на образовниот процес и подобра информираност на младите и како дел од тие политики ги наведе инвестициите во студентските домови, дигитализацијата и доделувањето на ваучери за електронски уред.

    „Потребни ни се млади кои ги разбираат процесите, младите треба да имаат „борбен мајндсет“, во кој што ќе си кажат: да ќе го посветам времето, ќе ги стекнам вештините кои се потребни, за да можам да ги наметнам промените коишто сакам да ги видам. Владата на ВМРО-ДПМНЕ последните години колку е на власт, води една таква пријатна политика за младите луѓе која што нуди да бидат покриени сите ставки од развојот, има мерки кои се однесуваат на олеснување на процесот на образование, сега имаме и сериозни инвестиции во реновирање на студентските домови, достапност на информации преку дигитални алатки, Владата имплементираше и преубава мерка со ваучерите од 250 евра за електронски уред“, вели Марков.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.