Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики и обвинувања до раководството на опозициската СДСМ и нејзиниот претседател Венко Филипче.

Според Манасиевски, партиските кадри кои се промовираат во јавноста имаат спорни биографии и кривични досиеја.

„Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промивира како иднина на Македонија ако тој дојде на власт. Талогот од СДС си го покажа вистинското лице“, истакна Манасиевски.

Тој посочи конкретни имиња на лица за кои тврди дека се дел од опкружувањето на раководството на СДСМ.

„Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Манасиевски направи паралела и со поранешните функционери на опозициската партија, упатувајќи обвинувања за нивното досегашно делување.

„Каков претседател такви кадри. Заев аболициран криминалец, Ковачевски со неколку кривични пријави и судски процеси за кои се сомничи, Филипче човекот на кого му се запали модуларна болница и над 10.000 граѓани во КОВИД кризата го загубија животот, ете тоа е талогот на општеството, талогот од СДС“, посочи тој.

На крајот од прес-конференцијата, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека правосудните органи досега соодветно не реагирале.

„И никој не одговара или пак е само условно осуден, затоа што обвинителско-судскиот систем го држат Заеви и Филипче. Ваквите луѓе не можат и не смеат да бидат иднината на Македонија. Македонија не смее да дозволи нов Заев на политичката сцена“, заклучи Манасиевски.

Exit mobile version